(ВИДЕО) Јаков Милатовиќ инаугуриран за претседател на Црна Гора

May 20, 2023
1 min read

„Длабоко сум свесен за одговорноста што ми ја даде огромната доверба искажана на изборите, ќе бидам вистински претседател на сите граѓани“, рече во својот говор новиот црногорски претседател Јаков Милатовиќ

Заврши свечената церемонија на инаугурација на новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Тој денеска положи заклетва во црногорскиот парламент и стапи на должност претседател на државата.

Фото: принтскрин

По заклетвата, Милатовиќ во својот говор рече дека за него е голема чест и гордост што ја презема должноста претседател на Црна Гора.

Фото: принтскрин

„Длабоко сум свесен за одговорноста што ми ја даде огромната доверба искажана на изборите, ќе бидам вистински претседател на сите граѓани независно од нивната политичка, национална и верска припадност или било која друга лична карактеристика“,

рече тој.

Во собраниските клупи, на свечената седница, веднаш до Милатовиќ седеше досегашниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Меѓу гостите на церемонијата беа поранешниот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ, поранешните премиери Здравко Кривокапиќ и Игор Лукшиќ.

Фото: принтскрин

На церемонијата присуствуваа и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, специјалниот пратеник на Велика Британија, Стјуарт Пич, амбасадорката на САД, Џуди Рајзинг Реинке, амбасадорката на Велика Британија, Карен Медокс, како и пратеникот и поранешен премиер Душко Марковиќ, поранешниот долгогодишен шеф на парламентот, Ранко Кривокапиќ, поранешниот претседател на Собранието, Дарко Пајовиќ. На инаугурацијата присуствуваа и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

На крајот од седницата на платото пред Собранието се одржа церемонија на воен поздрав.

Поради доаѓањето на голем број високи функционери, подигнато е нивото на безбедност во Подгорица, патиштата во центарот на градот се затворени за сообраќај, а има и зголемено полициско присуство на сите крстосници.

Милатовиќ доминантно го победи Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори на почетокот на април годинава, освојувајќи 60 отсто од гласовите. Уставот на Црна Гора предвидува претседателот на државата да се избира на непосредни избори на пет години.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ретро слатки задоволства: Со што се засладуваа во поранешна Југославија?

Следно

Кандидатката за премиерка на Бугарија, Марија Габриел во понеделник треба да му достави список со министри на претседателот Радев

Latest from Blog

Ѓорѓиевски го презеде мандатот: „Скопје го менуваме од корен“

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го презеде уверението за функцијата, истакнувајќи дека му претстои обврска да работи одговорно и посветено во интерес на сите граѓани. – Денешното уверение

Цеца со изјава за инцидентот во Велес: „Не знаев дека не се сакаат толку многу – жал ми е ако повредив нечии чувства“

За време на настапот, една нејзина бугарска обожавателка од публиката ѝ подаде бугарско знаме, па пејачката го зеде и се покри со него. Овој гест предизвика измешани реакции. Дел од публиката беше

Американската компанија „ExxonMobil“, заедно со „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“ ќе истражуваат јаглеводороди во Јонското Mоре

Договор за истражување на јаглеводороди во Јонското море потпишаа американската компанија „ExxonMobil“, заедно со „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“ кои веќе ја имаат концесијата за Блокот 2 во северозападниот дел на Јонското Море,

Албанија останува на дното на Европа во однос на минималната плата

Политико.ал – Тирана „Минималната плата се удвои. На почетокот од следната година, таа ќе изнесува 500 евра, немаме причина да не ја прифатиме“, изјави Делина Ибрахимај, министерка за економија и иновации, во

Тунелот што ќе ги поврзе Македонија и Бугарија станува реалност

Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и
Go toTop