Скафандер министерката за култура Костадиновска Стојчевска е фатена во лага, документите за Вевчанскиот карневал покажуваат дека општина Вевчани испратила целосна документација (ФОТО)

January 16, 2023
1 min read

Бисера Костадиновска Стојчевска е фатена во лага, тоа ги потврди и доказите кои испаднаа во јавноста. Костадиновска Стојчевска и СДС безочно лажат дека општина Вевчани не поднела целосна документација за покровителство на министерството за култура на Вевчанскиот карневал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Срамно е Костадиновска Стојчевска како прв човек во министерството да не знае или да не е информирана, а да излегува во јавноста со лаги и манипулации.

Имено целосната апликација од општина Вевчани до министерството е испратена на 11.11.2022 години, додека трае Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа за заштита на културно наследство за 2023 година.

Целосни невистини се констатациите на скафандер министерката дека апликацијата е не целосна.

Општина Вевчани, оваа година, но и минатата година се одбиени од министерството за култура и Бисера Костадиновска Стојчевска за финансиски средства на традиционалниот вевчански карневал, подвлекуваат од партијата и додаваат:

„Иако овој карневал е во постапка за конечно да влезе на листата на културно нематеријално наследство сепак од владата на СДС и ДУИ и оваа година решија да не го поддржат. Иако изминатите години, секоја година ова министерство одвојувало значителна сума од Буџетот за организација на Карневалот.

И покрај тоа што Костадиновска Стојчевска го опструира карневалот, и таа не се појави изминатите денови во Вевчани, сепак општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски, заедно со покровители и љубители на карневалот успеа да го реализира овој настан.

Непојавувањето на Костадиновска Стојчевска на карневалот е само уште еден доказ дека оваа антимакедонска власт на СДС и ДУИ целосно сакаат да ја уништат културата, како и вековната традицијата во Македонија.

Вевчанскиот карневал успешно се реализираше и на него продефилираа десетици маски, го посетија илјадници туристи, како од државата, така и од странство.

Веднаш Бисера Костадиновска Стојчевска да и им се извини на Вевчанци, како и на целата македонска јавноста за лагите кои ги изнесе, но и за игнорантскиот однос на Вевчанскиот карневал и веднаш да си поднесе оставка“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Прва фотографија од апсењето на шефот на Коза Ностра

Следно

НОВ ЗЕМЈОТРЕС УТРОВО ВО МАКЕДОНИЈА – еве како се тресеше тлото во земјава вчера, особено снимката од епицентарот во Албанија е застрашувачка (ВИДЕО)

Latest from Blog

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин,  господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од

Тајланд ја нападна Камбоџа – изведени воздушни напади

Тајланд денеска изврши воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, откако двете земји се обвинија меѓусебно за прекршување на договорот за прекин на огнот во кој посредуваше американскиот претседател Доналд Трамп. Тајландската

Дневен хороскоп за 8 декември 2025 година

Овен Почетокот на неделата носи внатрешна тензија помеѓу вашата желба да дејствувате смело и вашите вистински ограничувања. Марс, вашиот владетел, се судира со Сатурн, создавајќи чувство на доцнење. Наместо да се предадете

Денеска се празнува Свети Климент Охридски – Чудотворец

Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина… Македонската православна
Go toTop