Погребот на кралицата Елизабета ја чинеше британската Влада 162 милиони фунти

May 19, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Погребот и придружните настани во чест на кралицата Елизабета Втора, кои се одржаа во период на национална жалост, ја чинеа британската Влада 162 милиони фунти (речиси 200 милиони долари), соопшти Министерството за финансии, јавува Анадолу.

Државниот погреб беше одржан на 19 септември минатата година, 11 дена по смртта на кралицата.

Во текот на овој период, стотици илјади луѓе го посетија Вестминстер за да ѝ оддадат почит.

Највисоки трошоци имало Министерството за внатрешни работи, 74 милиони фунти, а потоа следува Министерството за култура, медиуми и спорт со 57 милиони фунти. Трошоците опфаќаа различни настани поврзани со погребот.

Министерот за финансии, Џон Глен, изјави дека примарниот фокус на Владата во тој период бил да обезбеди непречено спроведување на овие настани, одржувајќи соодветно ниво на достоинство, и давајќи приоритет на јавната сигурност и безбедност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во Туркије се одбележува 19. мај – Денот на младината и спортот

Следно

Дојави за бомби во клиничкиот центар „Ѕвездара“, ВМА и Зоолошката градина во Белград

Latest from Blog

Трагична полициска потера во Бугарија: Автомобил пропадна во езеро, загинаа шест лица (ВИДЕО)

Автомобилот што слета во езерото Ваја бил регистриран во Романија и го управувал Романец. Во него имало 10 лица, вклучувајќи го и возачот, објави Euronews. Според медиумските извештаи, автомобилот „Шкода“ се движел

3-те најпосетувани градови во светот: Првиот никој не го очекуваше – мора да ги посетите

Иако многумина би помислиле дека Париз е најпосетуваниот град на планетата, или можеби Њујорк, тоа се Истанбул, Лондон и Дубаи. Дубаи, Обединети Арапски Емирати Овој футуристички град го освои третото место со

Колумна на Мартин Ристевски: ПОСТИЗБОРНО

Изборниот процес донесе многу интересни текови за нашата држава. Историски пресврти во многу општини, крај на една политичка партија и структура која се уште е заробена во 2001 година, како и многу нови предизвици

Паоло Ваноли е нов тренер на Фиорентина

По отказот на Стефано Пиони, Фирентина, која што во моментов е во многу лоша играчка и резултатска ситуација, за нов тренер се одлучи да го ангажира, Паоло Ваноли, некогашниот играч на „Виолетовите“.
Go toTop