АНКАРА (АА) – Туркије денес со низа манифестации го одбележува 19. мај – Денот на младината и спортот што воедно е и ден на сеќавање на Мустафа Кемал Ататурк, првиот претседател на модерна Туркије, известува Анадолу.
Планирани се низа манифестации во текот на денот, како и полагање на цвеќе на спомен обележјата.
Инаку, 19. мај 1919 година Мустафа Кемал Ататурк ја започна борбата за независност на својот народ, и ги постави темелите на денешна Република Туркије. Поради тоа, 19. мај е исклучително важен празник за Туркије.
Денот на младината и спортот се одбележува со низа манифестации и другите земји од светот во кои живее турско население.
Извор: www.aa.com.tr