Внимавајте каде паркирате: „Пајакот“ крена речиси 100 возила

January 16, 2023
1 min read

За седум дена санкционирани се 195 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија денеска од ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар.

Во соработка со сообраќајната полиција-Скопје, од ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 09.01. до 15.01.2023 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 97 непрописно паркирани возила.

– Со поставување на механичко средство „Блокатор“ нкционирани се 98 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се посочува во соопштението.

Најавуваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот грчки крал денеска ќе биде погребан во Атина

Следно

Анчелоти: Не е понижувачки да се загуби од Барселона

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop