„СДС да не молчи, да каже дали бегството од затвор е со дозвола на Ковачевски и Зечевиќ“

January 16, 2023
1 min read

СДС да не молчи, да каже дали бегството од затвор е со дозвола на Ковачевски и Зечевиќ. Командирот на смена во Идризово Димитријевски, во чија смена избега осудениот убиец на социјалните мрежи не ја крие својата поддршка за СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Командирот во чија смена избега осудениот затвореник е близок до Миле Зечевиќ. Во една негова објава на социјалната мрежа фејсбук, тој е сликан со Зечевиќ, а пораката која е јавна и објавена со сликат е: “со шефот до крај”.

Командирот Димитријевски претходно како полициски службеник е фатен на дело при поткуп. Па наместо избркан, тој добил повисока позиција во државната управа, како Командир на смена во Идризово.

Дали Зечевиќ и Ковачевски стојат зад Димитријевски и дали тие се причината поради која тој бил поставен на командирска позиција. Дали дозволеното бегство, за кое веќе потврдија и медиумите е по налог на СДС?

Ковачевски и Зечевиќ да не се кријат, заради нив, државата стана небезбедна, а во затвор се само тие кои немаат линк со власта, сите други криминалци или бегаат или невлегуваат воопшто, стои во партиската реакција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД обучуваат украински војници во Германија

Следно

Поранешниот грчки крал денеска ќе биде погребан во Атина

Latest from Blog

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на

Грците распоредија ракетни системи и авиони Ф-16 за да ја заштити Бугарија од можни ирански напади

Грчкиот министер за одбрана во петокот изјави дека ракетна батерија „Патриот“ и два борбени авиони „Ф-16“ ќе бидат распоредени на север од земјата за да помогнат во заштитата на Бугарија од можни

Валверде е спасителот на Реал против Селта

Екипата на Реал Мадрид вечерва со многу потешкотии успеа да дојде до трите бода и победата на гостувањето кај Селта откако постигна гол во последните секунди од мечот за конечни 1:2. Херој
Go toTop