(ФОТО) Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, ја започна работната посета на Украина

January 16, 2023
1 min read

Украина е првата дестинација што Османи најави дека ќе ја посети како претседавач на ОБСЕ откако минатата недела во Виена ги презентира приоритетите на нашето претседавање со Организацијата

Како што најави, шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска пристигна во Киев каде што во улога на претседавач со ОБСЕ ја започна својата посета на Украина, која, како што изјави пред две недели, ќе доминира со претседавањето на Северна Македонија со Организацијата.

Според соопштението од Министерството за надворешни работи (МНР), откако утринава пристигнал на главната железничка станица во украинската метропола, Османи се упатил во посета на градот Бородјанка, во Киевската Област, кој е силно погоден од воените дејствија.

Фото: МНР

„Воедно, во рамките на посетата предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина“,

се додава во соопштението на МНР.

Фото: МНР

Украина е првата дестинација што Османи најави дека ќе ја посети како претседавач на ОБСЕ откако минатата недела во Виена ги презентира приоритетите на нашето претседавање со Организацијата.

Како што посочи повеќепати, еден од главните приоритети на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ ќе биде токму состојбата во Украина која речиси една година е под инвазија на Русија. Посебен фокус, како што нагласи Османи, ќе биде кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија.

Дополнително, претходно Османи нагласи дека во моментов во Украина нема мисија на ОБСЕ зашто Русија стави вето на мисијата, а Северна Македонија како претседавач ќе треба да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина.

Посета на Украина најави и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, чија посета на земјата ќе биде во улога на премиер на земја претседавач со ОБСЕ.

Инаку, ова е втора работна посета на Османи на Украина. Тој ја посети земјата во мај минатата година, при што оствари средба со својот украински колега Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барселона по рекорден 14. пат го освои шпанскиот Суперкуп

Следно

Анкета на Скопје Инфо: Тимчо Муцунски е најуспешен градоначалник за 2022 година во Скопје

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop