Турски МИТ во Сирија ја неутрализираше т.н. одговорна за финансии на терористичката организација ПКК/ЈПГ

May 17, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) во Сирија ја неутрализираше Туба Каракоч, т.н. одговорна за финансиските активности на терористичката организација ПКК/ЈПГ за подрачјето на Кобани (Ајн ал-Араб), пренесува Анадолу.

Безбедносни извори потврдија дека Каракоч, која го користела кодното име „Зин Кобани/Џуди Егид/Сорксвин“, во терористичката организација пристапила во 2013 година, учествувајќи во терористички активности во Туркије, Ирак и Сирија.

Каракоч учествувала во подготовките на терористичките напади во Туркије, а поради нејзините задолженија за финансии во рамките на терористичката структура, се движела и на релацијата Сирија – Ирак.

Како резултат на активното следење од страна на турската разузнавачка структура, со успешна операција Каракоч е неутрализирана во сирискиот регион Сирин/Ајн Иса.

Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК на територијата на Туркије, но и во северните делови на соседните Ирак и Сирија.

Анкара во 2016 година спроведе три успешни големи антитерористички операции преку границите, на територијата на Сирија со цел да се спречи формирање терористички коридор, и на раселените да им се овозможи мирно да се вратат во своите домови.

„Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) се имињата на операциите во кои од терористичка окупација во северните делови на Сирија е ослободено пошироко подрачје покрај пограничниот појас со Туркије.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и стари лица. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анчелоти: Имам добро чувство пред реваншот со Сити

Следно

Поројните дождови предизвикаа поплави во Италија

Latest from Blog

Пожар во автобус во Велес

Преку бројот за итни повици 112 добиена е пријава за запален автобус во населбата Превалец, во близина на капијата на Ќиро Ќучук. Според информациите, во возилото нема луѓе, а пожарот е зафатил

Нова збирка раскази „Нешто трето“ од Максим Ристески

Од печат излезе новиот ракопис од Максим Ристески, збирката раскази „Нешто трето“. По одличниот прием на дебитантскиот роман „Пештера“, авторот на читателите им „подарува“ раскази „спакувани„ во како 236 издание во популарната

Анчелоти отфрли договор со шпанските обвинители

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одби да се согласи на договор со шпанските обвинители во случајот за затајување данок, пишува „Мундо Депортиво“. На Анчелоти му се заканува затворска казна од пет

Трендафилов: Да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување на минималната плата

Попладнево ССМ ја почна јавната седница на највисоките тела пред Собранието каде упати порака до пратениците да донесат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра. Пред Собранието беше донесена одлука
Go toTop