Британија и Холандија се договорија да формираат меѓународна коалиција за помош на Украина да набави авиони Ф-16

May 17, 2023
2 mins read

Украинскиот претседател во своето ноќно обраќање ја поздрави одлуката на Велика Британија и Холандија, оценувајќи ја како „добар почеток“. Соопштението на Даунинг стрит доаѓа по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Велика Британија. Тој навести дека Киев наскоро би можел да добие борбени авиони Ф-16 и рече дека се надева на „многу важни“ одлуки на оваа тема со британска помош

Британскиот премиер Риши Сунак и неговиот холандски колега Марк Руте се согласија да формираат „меѓународна коалиција“ за да ѝ помогнат на Украина во набавката на борбени авиони Ф-16, објави британската Влада, пишува Гардијан.

Борбен авион Ф-16 на полското воено воздухопловство/Фото: EPA-EFE/JAKUB KACZMARCZYK POLAND OUT

Портпаролот на Даунинг стрит рече дека Сунак и Руте „ќе работат на градење меѓународна коалиција за да ѝ обезбедат на Украина борбени воздушни капацитети, поддржувајќи сè, од обука до набавка на авиони Ф-16“.

„Премиерот го повтори своето уверување дека вистинското место на Украина е во НАТО и лидерите се согласија за важноста на сојузниците да ѝ пружат долгорочна безбедносна помош на Украина за да гарантираат дека може да одговори на идни напади. Лидерите се согласија да продолжат да работат заедно и билатерално и преку форуми како што е Европската политичка заедница за справување со трговијата со луѓе на нашиот континент“,

се вели во изјавата.

Украинскиот претседател во своето ноќно обраќање ја поздрави одлуката на Велика Британија и Холандија, оценувајќи ја како „добар почеток“

„Ви благодарам на сите“,

рече Зеленски, пренесуваат светските агенции.

Соопштението на Даунинг стрит доаѓа по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Велика Британија. Тој навести дека Киев наскоро би можел да добие борбени авиони Ф-16 и рече дека се надева на „многу важни“ одлуки на оваа тема со британска помош.

Зеленски во понеделникот долета со хеликоптер во резиденцијата на британскиот премиер во Чекерс во Бакингемшир каде беше срдечно пречекан од Сунак.

Стоејќи до британскиот премиер по состанокот, Зеленски рече дека разговарале за борбени авиони, бидејќи, како што рече, Украина не може да го контролира небото и изрази позитивни очекувања во врска со подготвеноста на САД и другите западни земји во обезбедувањето на ваков вид помош.

„Разговаравме за тоа и гледам дека во најблиско време ќе слушнете некои, мислам, многу важни одлуки, но мора да работиме малку повеќе на тоа“,

рече украинскиот претседател.

На состанокот, Британија, исто така, вети дека ќе достави стотици офанзивни беспилотни летала со долг дострел.

Обединетото Кралство во февруари соопшти дека ќе започне со обука на украински пилоти, ветување кое Даунинг стрит го повтори и во понеделникот, соопштувајќи дека планот е да помогне „да се изгради нова украинска воздухопловна флота, со авиони Ф-16 според стандардите на НАТО“.

Инаку, Британија не користи борбени авиони Ф-16, кои ги произведува американската компанија „Локхид Мартин“ во Јужна Каролина.

Украина веќе некое време бара да ги добие овие авиони за да ги зголеми своите капацитетите на своето воено воздухопловство. Како што пишува Гардијан, станува збор за широко достапни борбени авиони и дека во моментов околу 3 000 вакви летала се дел од воздухопловните сили на 25 земји.

Сепак, како што пишува британскиот весник Велика Британија и Холандија првин ќе треба да ги убедат САД околу испораката на Ф-16 во Украина.

Прашан во понеделникот на прес-конференција дали САД го промениле ставот за снабдување на Украина со авиони, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, одговори со еден збор: „Не“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Американски медиуми: Тајната служба го истражува упадот во домот на советникот за национална безбедност на Белата куќа

Следно

Анчелоти: Имам добро чувство пред реваншот со Сити

Latest from Blog

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук

СКОРО ПА И ГИ НЕМА: „МАЛИ ШАНСИ“ за косовската влада предводена од Коњуфца

Шансите Глаук Коњуфца, премиерот назначен од претседателот Вјоса Османи, да ја формира новата Влада на Косово се чинат минимални. Со обединетата поранешна опозиција околу идејата за нови избори, вториот обид на движењето

ЛШ: Барса чудно, но преживеа во Белгија, Интер и Сити со нови победи (ВИДЕО)

Изненадувањето на вечерта во Лигата на шампионите се случи во Белгија, каде екипата на Бриж одигра 3:3 со Барселона,но реално имаше сериозни шанси и за победа. Домашните трипати водеа, Барселона трипати израмнуваше,

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи
Go toTop