Град Скопје, Противпожарната бригада на Градот Скопје, Службата за заштита и спасување и Црвениот крст на Град Скопје денеска учествуваа во теренски вежби во спортско-рекреативниот центар „Сарај“ заедно со Специјалната единица за одговор при катастрофи од Солун.
Теренските вежби за пребарување и спасување под урнатини се дел од обуките кои се одржуваат по повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Брзата реакција при катастрофи, безбедноста и сигурноста на граѓаните се меѓу приоритетите на Градот Скопје, а тоа на терен секојдневно го докажуваат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада кои несебично се вложуваат за да спасат човечки животи и јавни добра.
ИЗВОР: skopje.gov.mk