Коалицијата на Кирил Петков нема да поддржи влада на ГЕРБ-СДС на чело со Марија Габриел

May 16, 2023
1 min read

Нема да го поддржиме првиот мандат. Почнуваме да работиме за вториот мандат и тоа го гледаме како единствена алтернатива за Бугарија да не оди на шести избори, рече Петков

Коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ нема да го поддржи првиот мандат за формирање влада на ГЕРБ-СДС, со Марија Габриел како кандидатка за премиер.

Ова, како што пренесуваат бугарските медиуми, било одлучено на денешните состаноци на Коалициониот совет на втората по големина политичка сила во Бугарија, прво меѓу петмината лидери Кирил Петков, Асен Василев, Христо Иванов, Атанас Атанасов и Владислав Панев, а потоа со пратеничката група.

Одлуката ја соопштија Петков и Иванов, кои најавија дека ќе работат за втор мандат.

„Нема да го поддржиме првиот мандат. Почнуваме да работиме за вториот мандат и тоа го гледаме како единствена алтернатива за Бугарија да не оди на шести избори“,

рече Кирил Петков.

Христо Иванов рече дека ќе започнат консултации со сите политички сили во парламентот во врска со нивната подготвеност да поддржат конкретни измени во Уставот.

„Сметаме дека ситуацијата во последните неколку дена ја потврдува нашата долгорочна позиција дека бугарскиот политички и институционален систем не може да се нормализира без длабока амбициозна промена на Уставот, во однос на Високиот судски совет и на Обвинителството. Очигледно е дека сè друго дава краткотрајни сојузи и затоа треба да ги почнеме тие разговори за да видиме дали има политичка база за да се формира уставно мнозинство“,

изјави Иванов.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ МУ ОВОЗМОЖИ ГОЛЕМ КАМБЕК НА ЏОНИ ДЕП СО ПРЕМИЕРАТА НА НЕГОВИОТ НОВ ФИЛМ НА ОТВОРАЊЕТО (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Следно

(ВИДЕО) Поплави во Италија: Стотици евакуирани, затворени патишта, заглавени автомобили

Latest from Blog

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во

Вечер за паметење со Симон Трпчески во Охрид: „Сите си го сакаме бисерот на Македонија, сега полесно се стигнува“

Македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески синоќа приреди незаборавна музичка вечер во Античкиот театар во Охрид, каде пред публиката не само што ја презентираше својата музика, туку сподели и лични спомени
Go toTop