Во Босна и Херцеговина ситуацијата е загрижувачка. Обилните врнежи го загрозија подрачјето на кантонот Уна-Сана, а поради излевањето на водата ситуацијата е отежната во Бихаќ, сообраќајот е во прекин во областа Кулен Вакуф, додека сирените се огласија во Сански Мост и е прогласена состојба на општа опасност
Хрватска деновиве ја погодија обилни дождови кои предизвикаа поплави во некои градови. Во Обровац состојбата денеска е нешто подобра, а вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ вели дека нивото на водата моментално се намалува.
Во Босна и Херцеговина ситуацијата е загрижувачка. Обилните врнежи го загрозија подрачјето на кантонот Уна-Сана, а поради излевањето на водата, ситуацијата е отежната во Бихаќ, сообраќајот е во прекин во областа Кулен Вакуф, додека сирените се огласија во Сански Мост и е прогласена состојба на општа опасност.
Во Обровац за само 24 часа наврнале 250 литри дожд на квадратен метар. Водостојот на реката Зрмања во Обровац вчераутро достигна историско ниво од 302 сантиметри, што е дури 39 сантиметри над највисокиот водостој на оваа река измерен во тој град.
Водата се излеа на улиците и се проби во историското јадро на градот. Тешка е ситуацијата и во Грачац.
Божиновиќ вели дека сите служби професионално си ја вршат работата и дека останува да се види како ќе бидат ангажирани дополнителни сили во наредните денови, јавува Нова.рс.
„Денес ситуацијата е подобра. Врне, но нивото на водата опаѓа. Ситуацијата зависи од тоа што се случува на Велебит. Важно е и што се случува со Отуча и другите реки што се влеваат во Зрмања. Зрмања се издигна како никогаш досега во историјата“,
рече Божиновиќ.
Тој предупреди дека, како што рече, треба да се сфати дека климатските промени се случуваат и дека заштитниот ѕид е изграден согласно проценките од 2008 година.
Тогаш, потсети Божиновиќ, беше утврдена висината на ѕидот која е за 30 до 40 сантиметри повисока од највисокиот очекуван водостој. Исто така, додаде тој, тињата што се собира на дното на реката придонесува за повисок водостој.
„Мораме да сметаме на климатските промени. Мора да сметаме на можноста од пожари и ова лето. Тоа се случува поради човечкото дејствување. Тоа се случува низ целиот свет, не само во Хрватска“,
изјави Божиновиќ.
Мораме да направиме повеќе кога станува збор за просторното планирање, истакна тој.
„Старите граделе куќи на поголема надморска височина, тоа секако не било без одредено искуство. Денеска треба да се грижиме каде градиме, кои се нашите темели. Тоа треба да се направи релативно брзо, во согласност со науката“,
изјави вицепремиерот Божиновиќ.
Поради покачување на водостојот на реката Уна во населените места Рипач и Покој во Босна и Херцеговина, во прекин е патната комуникација за пешаци и отежнато е движењето на возилата. Во поширокото подрачје на градот Бихаќ загрозени се викендички и куќи покрај реката, каде вода вчера навлегла во помошни објекти.
Konkretno u Bihaću je u protekla dva dana evidentirano više od 50 litara po metru kvadratnom padavina, dok je posljednji izmjereni vodostaj rijeke Une u središtu Bihaća 146 centimetra.#BiH #USK #padavine #poplave https://t.co/DLQP8qTHag
— TRT Balkan BHSC (@TRTBalkanBHSC) May 15, 2023
Ноќта беше тешка за граѓаните на Сански Мост, но состојбата засега е стабилна, потврди шефот на Цивилната заштита, Саид Рамиќ.
Поради интензивниот дожд и покачувањето на нивото на водата во Сански Мост синоќа е прогласена состојба на елементарна непогода.
#poplave #BiH Rastu Una, Sana i Bosna – https://t.co/yp6MK2mUD6
— Bljesak.info (@Bljesak) May 16, 2023
Реката Јапра во Нови Град поплави и се закани на неколку станбени згради. Водостојот на реката Сана порасна за неколку сантиметри и сега е на ниво меѓу редовна и вонредна заштита од поплави.
Obilne padavine uzrokovale probleme u Krajini https://t.co/h9pNoUn69j #BiH #poplave #Kiša #KulenVakuf pic.twitter.com/vxdLZu4xnQ
— AGENCIJA ANADOLIJA (BHSC) (@aa_balkans) May 15, 2023
Во близина на ОУ „Свети Сава“ има појава на подземна вода која излегла на површина. Вклучени се пумпи кои ја извлекуваат водата.
Во оваа општина активирано е свлечиште на локалниот пат Војновиќи-Шевиќи. Сите дежурни екипи се на терен и ја следат состојбата.
Извор: 360stepeni.mk