Силен земјотрес во Индонезија, нема предупредување за цунами

January 16, 2023
1 min read

Епицентарот на земјотресот бил на 40 километри југоисточно од Сингкил, крајбрежен округ во провинцијата Ачех. Земјотресот бил на длабочина од 37 километри

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди западна Индонезија, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Епицентарот на земјотресот бил на 40 километри југоисточно од Сингкил, крајбрежен округ во провинцијата Ачех. Земјотресот бил на длабочина од 37 километри.

Според Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија не е издадено предупредување за цунами, додека Агенцијата за катастрофи на земјата соопшти дека нема извештаи за жртви или голема материјална штета.

„Земјотресот предизвика паника кај луѓето. Се почувствува меѓу три до 10 секунди во четири окрузи во провинцијата Ачех и Северна Суматра“,

изјавиja од Агенцијата за ублажување на катастрофи БНПБ.

Индонезија често е погодена од земјотреси и вулкански ерупции. Во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала на 21 ноември загинаа најмалку 331 лице, а речиси 600 беа повредени во градот Цианџур во Западна Јава. Тоа беше најсмртоносниот во Индонезија по земјотресот и цунамито во Сулавеси во 2018 година, кога загинаа околу 4 340 луѓе.

Во 2004 година, исклучително силен земјотрес во Индискиот Океан предизвика цунами во кое загинаа повеќе од 230 000 луѓе во десетина земји, повеќето од нив во провинцијата Ачех во Индонезија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Санкционирани 151 возач во Скопје, 53 за брзо возење

Следно

Пронајдени двете црни кутии од авионот што се урна во Непал

Latest from Blog

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден
Go toTop