Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

July 5, 2026
1 min read

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година, кога партијата ја загуби власта, беше шеф на тимот кој ја пишуваше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров.

Други учесници во оваа таканаречена „платформа“ беа членови на Извршниот одбор и шефови на изборни штабови во првата изборна единица во 2024 година.

Сега, истите тие луѓе кои беа дел од раководството и кои ја креираа програмата со која се изгубија изборите, се јавуваат како спасители на СДСМ и бараат реформи – но не од внатре, туку преку притисок однадвор, со вклучување на членови од други партии.

Такво нешто не постои во светот само во Циркус – Мицкоски.

Особено е апсурдно кога во оваа „платформа“ се појавува и Славјанка Петровска – кој во 2024 година беше носител на листа и министерка во владата на СДСМ.
Тогаш кога рејтингот е полош, за тоа е крив некој друг, а таа сега ќе прави реформи?

Во 2024 година имаше внатрепартиски избори. Во 2025 година повторно имаше.

Зошто Ивановски, тогаш не направи своја реформска програма и не се кандидира против председателот Венко Филипче, кој победи со 18.000 гласови?

Зошто не побара доверба од членството на СДСМ кога имаше шанса и кога беше на високи позиции во партијата?

Затоа што оваа „платформа“ не е за реформи во СДСМ.

Да сакаа вистински да помогнат на СДСМ, ќе ги прифатеа повиците и понудите од Претсесателот Филипче да се приклучат и да работат за јакнење на органите на партијата.

Оваа платформа е ЗНАМ 2.0 – проект на Мицкоски за понатамошно слабеење и делење на опозицијата, по примерот на сестринската партија СНС и Вучиќ.

Сега, кога партијата е консолидирана, кога го врати угледот и довербата кај граѓаните, кога рејтингот расте, токму оние што, според нас, ја доведоа партијата до
изборен пораз на претходните избори, денес бараат „реформи“?!

Реформи за да ја разбијат партијата токму сега, кога таа претставува сериозна закана за ВМРО?

Сега, кога рејтингот на Мицкоски е на најниско ниво поради неговите предизборни ветувања што не се остварија и секојдневни лаги?!

Сега, кога ВМРО падна за повеќе од 150.000 гласови?!

Истите тие „реформатори“, кои, според нас, сносат одговорност за изборниот пораз, сега се обидуваат да го урнат СДСМ.

До сателитите на Мицкоски имаме јасна порака: нема да ви помине!

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Следно

Телефонски разговор Трамп – Путин

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop