Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

July 5, 2026
2 mins read

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој ја извадил од стапицата, но ја оставил да страда. Раните биле длабоки, отворени и полни со ларви. Бамби најпрво била однесена на ветеринар во Кичево, каде што добила антибиотска терапија, по што била пренесена во Скопје. Биле направени рендгенски снимки и повеќе консултации со ветеринари и со експерти што имаат искуство со диви животни. Првично се сметало дека ќе биде потребна ампутација на една од нозете, но дополнителните прегледи покажале дека три од нозете се практично неповратно повредени. Бамби е преместена на мирно место, на село и ќе продолжи да прима терапија. Таму со неа има јаре што било спасено од колење и тие веднаш се зближиле.

Срната стара само два месеци, наречена Бамби, која била пронајдена минатата недела, во Кичевско, со тешки повреди од нелегална стапица, засега нема да биде евтаназирана, информираат од Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“.

За срната, пронајдена во поле во Кичевско, со тешки рани на нозете откако се фатила во стапица за диви свињи, сепак има исклучително лоши прогнози, но активистите велат дека ќе ѝ дадат уште малку време и ќе продолжат со терапијата и со преврските.

Срната била пронајдена од двајца работници на ЕВН во житно поле, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението, некој ја извадил од стапицата, но ја оставил да страда. Раните биле длабоки, отворени и полни со ларви.

Бамби најпрво била однесена на ветеринар во Кичево, каде што добила антибиотска терапија, по што била пренесена во Скопје. Биле направени рендгенски снимки и повеќе консултации со ветеринари и со експерти што имаат искуство со диви животни.

Првично се сметало дека ќе биде потребна ампутација на една од нозете, но дополнителните прегледи покажале дека три од нозете се практично неповратно повредени. Бамби е преместена на мирно место, на село и ќе продолжи да прима терапија. Таму со неа има јаре што било спасено од колење и тие веднаш се зближиле.

– Да беше само едната нога, нашиот волонтер беше подготвен да ја чува до крајот на животот. Во природа, со три нозе, таа никогаш не би преживеала, но дома ќе имаше шанса за достоинствен живот. Во целиот хаос, додека баравме дополнително мислење, видовме објава дека се продава јаре за колење. Не можевме да го оставиме. Го откупивме за 100 евра. По преврските, Бамби и јарето веднаш се зближија. Спиеја заедно, си даваа утеха. Неколку дена ги чувавме дома, на топло, ги пуштавме на трева и дури им направивме мало катче за игра – опишуваат од „Анимал рескју проект“.
Тие додаваат дека на Бамби не ѝ недостига дом, љубов и ветеринарна грижа.

– На Бамби ѝ недостигаат нозе – велат од Здружението, нагласувајќи дека станува збор за диво животно кое живее под огромен стрес.
Притоа, не може да се испрати во странство, бидејќи, како што објаснуваат од Здружението, срната е заштитен див вид и законски не смее да се транспортира преку граница за таков вид третман.

Добиле и многу предлози за протези, но, како што наведуваат, за жал, тоа не е толку едноставно.

– Како што би растела, би ѝ биле потребни нови протези постојано. Срните се преживари и нивниот дигестивен систем зависи од движењето. Ако не може да се движат, организмот почнува да откажува. Целата тежина на возрасна срна, која може да достигне околу 80 килограми, би паднала на предните нозе и токму тие се најтешко повредени – потенцираат од Здружението „Анимал рескју проект“.
Притоа, нагласуваат дека не виделе поубаво и понежно суштество.

– Нема човек што ја виде, а не заплака. Плачевме и ние. Плачеа и луѓето што ја пронајдоа. Плачеа и ветеринарите. Плачеа сите што ја сретнаа – напишаа од „Анимал рескју проект“ на „Фејсбук“.
Тие им се заблагодарија на луѓето од ЕВН, како и на стручните лица од ветеринарната амбуланта во Скопје што се грижеле за срната.

Најтажно од сè е што ова не е изолиран случај.

Од „Анимал рескју проект“ велат дека дури кога почнале да истражуваат, дознале дека во Кичевскиот Регион со години се поставуваат нелегални стапици од кои страдаат дивите животни и дека речиси никој не зборува за тоа.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клоп прифати да биде новиот селектор на Германија

Следно

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Latest from Blog

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден
Go toTop