Руските сили извршија исклучително интензивен воздушен напад врз Киев, велат локалните власти

May 16, 2023
1 min read

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека остатоците од новиот руски напад запалиле неколку автомобили и оштетиле зграда во населбата Соломјански, во западниот дел на главниот град. Според него повредени се три лица

Руските сили рано утрово извршија, како што се наведува, исклучително интензивен воздушен напад врз Киев, користејќи беспилотни летала и крстосувачки, а според некои извештаи, веројатно и балистички ракети, објавија властите на главниот град на Украина.  

Илустративна фотографија/Фото: Архива

Станува збор за осми воздушен напад на Киев во текот на овој месец. 

 „Во однос на интензитетот, тој беше исклучителен – максимален број ракети во најкраток можен временски период“, 

објави на Телеграм шефот на воената администрација на главниот град на Украина, Серхиј Попко.

Според прелиминарните информации, наведува тој, повеќето од непријателските цели во воздушниот простор на Киев биле детектирани и уништени.   

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека остатоците од новиот руски напад запалиле неколку автомобили и оштетиле зграда во населбата Соломјански, во западниот дел на главниот град. 

Според него, во нападот утринава биле повредени три лица.  

Тој додаде дека системите за противвоздушна одбрана одбиле напад со руски дрон јужно од градот Бориспил, кој се наоѓа југоисточно од Киев. 

Во Бориспил се наоѓа главниот комерцијален аеродром во Киев, кој беше затворен поради војната. 

Воената администрација на Киев наведува дека нема значителна штета во другите делови на градот, додека сè уште се собираат информации за евентуално повредени лица. 

Украинската служба за итни случаи објави фотографии од пожарникарите кои гаснат пожари низ Киев по нападот. 

Воздушниот напад на Киев доаѓа по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на клучните западноевропски земји во обид да издејствува дополнителна воена помош за украинската армија за конфликтот со Русија и најавената офанзива. По Рим, Берлин и Париз, каде имаше средби со највисоките државни власти на овие земји, Зеленски вчера престојуваше во Велика Британија каде се сретна и разговараше со британскиот премиер Риши Сунак.

Британските власти објавија дека на Украина ќе ѝ испорачаат стотици нови беспилотни летала со долг дострел од над 200 километри. Сепак, како што изјави портпаролот на британскиот премиер на прес-конференција, испорака на воени авиони, што Украина ги бара, не се дел од најавената помош.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пиоли: Никој не верува дека Милан може да се пласира во финалето, но…

Следно

Клоп: Ние сме во евро-куповите, а пред шест недели тие не беа ни видливи на хоризонтот

Latest from Blog

На „Табановце“ за влез и излез се чека до 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно сувиколовози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Дојран и Богородица време на чекање за

Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана од политички изјави и селективни дејствија

За жал, она што досега го гледаме од текот истрагата е селективност, а со одредени политички изјави, но и дејствија е контаминирана. Од тие причини ќе треба да се направи некаква промена

Кос – Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан

Европската интеграција на Западен Балкан и важноста од проширувањето на Унијата била во фокусот на средбата на бугарскиот премиер Росен Жељазков со еврокомесарката за проширување Марта Кос, која во Софија имаше средби

Ливерпул в недела може да стане шампион

Премиерлигашот Ливерпул в недела може и теоретски да ја обезбеди шампионската титула, што за тимот од „Енфилд Роуд“ би била 20 титула, колку што има освоено и Манчестер јунајтед. На шест кола
Go toTop