Британија не планира да ѝ испорача борбени авиони на Украина

May 15, 2023
2 mins read

Премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, денеска изјави дека Британија ќе ѝ обезбеди на Украина стотици ракети за противвоздушна одбрана и дополнителни беспилотни воздушни системи, вклучително и беспилотни летала со долг дострел од повеќе од 200 километри, кои ќе бидат испорачани во наредните месеци

Велика Британија не планира да ѝ достави на украинската војска борбени авиони, и покрај навестувањата од Киев дека би ѝ било од големо значење доколку користи борбени летала од типот Ф-16, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак.

Британскиот премиер, Риши Сунак со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во резиденцијата Чекерс/Фото: EPA-EFE/SIMON DAWSON/NO 10 DOWNING STREET HANDOUT

„Нема планови за такво нешто“,

изјави портпаролот на Сунак одговарајќи на новинарско прашање дали Велика Британија ќе испрати борбени авиони во Украина.

„Украинците одлучија да обучуваат пилоти на Ф-16, а знаете дека РАФ (Кралските воздухопловни сили) не ги користи“,

рече портпаролот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Обединетото Кралство каде што имаше средба со британскиот премиер Риши Сунак во неговата резиденција во Чекерс во Бакингемшир, каде што, меѓу другото, разговараа и за барањето на Украина за западни борбени авиони.

Инаку, Велика Британија најави дека летово ќе започне со основна обука на украинските пилоти.

Сунак денеска изјави дека Британија ќе ѝ обезбеди на Украина стотици ракети за противвоздушна одбрана и дополнителни беспилотни воздушни системи, вклучително и беспилотни летала со долг дострел од повеќе од 200 километри, кои ќе бидат испорачани во наредните месеци.

„Конфликтот е во клучен момент. Велика Британија ќе остане цврста во својата поддршка за Украина и нејзиниот народ да се бранат… важно е и Кремљ да знае дека ние не заминуваме. Ние сме тука на долг рок“,

рече Сунак.

Кремљ, од друга страна, соопшти дека Русија ја гледа одлуката на Британија да ѝ достави повеќе воена опрема на Украина крајно негативно, но оттаму додаваат оти не веруваат дека помошта на Лондон ќе го промени текот на конфликтот.

Откако ги задржа своите трупи во дефанзива шест месеци, Украина планира да започне голема офанзива за да ја врати територијата користејќи ново оружје кое очекува да го добие од западните сојузници.

Пред денешната посета Велика Британија, украинскиот претседател Зеленски ги посети Париз, Берлин и Рим и се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Џорџо Мелони и други официјални претставници, како и со папата Франциск.

Во неделата Франција, каде што Зеленски се состана со претседателот Макрон, вети дека ќе обучи и опреми повеќе баталјони со десетици оклопни возила и лесни тенкови, вклучително и AMX-10RC, кои често се користат во мисиите за воздушен транспорт.

Во Германија, каде што Зеленски престојуваше пред посетата на Париз, канцеларот Шолц даде гаранции дека неговата земја ќе ја поддржува Украина се додека е потребно и најави нов план за воена помош од 2,7 милијарди евра, вклучувајќи испораки на тенкови, оклопни возила и системи за противвоздушна одбрана.

Поддршката на Берлин за Киев достигна 17 милијарди евра, истакна Шолц.

Досега ниту една земја не се обврза да испорачува борбени авиони, што Киев го бара.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: „Вториот круг од претседателските избори ќе се одржат на 28 мај“

Следно

Се урна мал цивилен авион во Германија, загинаа две лица

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop