ХОРОТ НА „ТАНЕЦ“ УТРЕ ЗА ПРВПАТ ЌЕ ИМА КОНЦЕРТ СО СЛОВЕНСКО-ВИЗАНТИСКО ПЕЕЊЕ

May 15, 2023
1 min read

Хорот на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“ утре за првпат ќе изведе концерт со словенско-византиско пеење, на настап во во Музејот на македонската борба во 20 часот.

Станува збор за концерт кој е дел од фестивалот „Денови на македонска музика 2023“ на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ. На концертот ќе бидат промовирани и книгите „Литургии арманеска“ од Јане Коџабашија и „Краток воскресник“ од Јанаки Стојменович во транскрипција на европска нотација на д-р Мирјана Павловска-Шулајковска. Промотор е м-р Бранка Костиќ-Марковиќ

За концертот, за кој влезот е слободен, од „Танец“ велат ќе ја отслика тесната врска меѓу фолклорната и црковната македонска вокална практика. Всушност, велат оттаму, македонската јавност ќе може одблизу да се запознае со македонскиот идиом на црковното пеење.

„Истражувањата од областа на црковното пеење од словенско-византиската традиција во Македонија, кои го опфаќаат периодот од втората половина на деветнаесетиот и почетокот на дваесетиот век го потврдуваат неговиот значаен дел од македонското и општото културно наследство. Овој процес започнат на прагот на 70-тите години од минатиот век, остварува развојна истражувачка линија која се занимава со овој сегмент од македонската музичка историја. Првичните резултати од овие истражувања придонесоа црковното пеење од византиската традиција да стане мошне важно поглавје од историјата на македонската музичка култура, со што се отвори значајно поглавје во националната музика. Досега откриените ракописни и печатени псалтикии и дејноста на црковно – музичките дејци од посочениот период, представуваат континуитет на Св. Климентовото предание и го потврдуваат постоењето и практикувањето на источното црковно пеење во Македонија“, велат од „Танец“.

Денес од овој период зачувани се десетици ракописи, како и печатени зборници на црковни напеви со композиции од познати византиски композитори, но, и оригинални творби од македонски автори, црковно- музички дејци и нивните откриени ракописни или печатени псалтикии на територијата на Македонија.

Во поново време, дел од нив се претставени како печатени изданија, меѓу кои и композициите кои ќе бидат изведени на овој концерт, а се дел и од „Антологијата на македонското црковно пеење“ од проф. д-р Јане Коџабашија.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ирски весник објави колумна напишана од вештачка интелигенција: „Страшно погрешивме“

Следно

„Кафез кај кокони“ е претстава за кршењето на бариерите и предрасудите за тоа како се претставуваат и прифаќаат луѓето со поинаква сексуалност

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и
Go toTop