Ердоган: Одржувањето мирни избори е израз на демократската зрелост на Туркије

May 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, рече дека фактот што денешните избори се одржани во мир и спокојство, како и тоа што беа вистински празник на демократијата, е израз на демократската зрелост што ја поседува Туркије, пренесува Анадолу.

Ердоган на социјалните мрежи апелираше до неговите сопатници да не ги напуштаат гласачките места сѐ до официјалното објавување на резултатите од претседателските и парламентарните избори што се одржаа во земјата.

Тој истакна дека обидот да се соопштат резултати набрзина додека изборите се одвиваат во таква позитивна и демократска атмосфера и додека сѐ уште трае пребројувањето на гласовите е грабеж на националната волја.

„Задоволни сме од одразот на согласноста на нашиот народ во тековното пребројување на гласовите. Ги молам моите пријатели во каузата и сопатниците да не ги напуштаат избирачките места, што и да се случи, додека не излезат официјално резултатите. Им честитам на сите граѓани што гласаа во името на демократијата и учествуваа во изборните работи, заблагодарувајќи му се на секој од нив“, напиша Ердоган на социјалните мрежи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Петрушевски: Додека власта троши 117 милиони евра на незапочнат проект, граѓаните немаат елементарни услови за живот

Следно

Вучиќ: На 26 мај ќе соопштам на народот, изборите ќе се одржат најдоцна во септември

Latest from Blog

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За
Go toTop