Ердоган падна под 50%, ќе има втор круг на претседателските избори во Турција?

May 14, 2023
1 min read

Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган падна под 50% поддршка по 89,24% обработени гласови, јавува Хабертурк. За еден кандидат да победи во првиот круг од претседателските избори во Турција потребно е да освои мнозинство од оние што гласале денеска. Ако продолжи трендот на мал, но постојан пад на Ердоган при пребројувањето на преостанатите гласови, во Турција ќе следува втор круг кој би требало да се одржи за две недели, односно на 28 мај.

Од 89,24% обработени гласови, во моментот Ердоган има 49,94%, додека неговиот опозициски опонент Кемал Киличдароглу има 44,30% од гласовите. Во апсолутни бројки, станува збор за предност од околу 2,75 милиони гласа во земја во која право на глас имаат околу 64 милиони. Излезеноста на денешното гласање е исклучително висока и се движи околу 88-89%.

Фото: Хабертурк

По затворањето на гласачките кутии и отпочнувањето на броењето на гласовите, двете страни беа самоуверени во своите шанси за победа и во неколку наврати изјавуваа дека нивниот кандидат е во водство.

Ердоган на Твитер напиша дека со брзањето со објавување на резултатите од изборите се „краде“ волјата на граѓаните и им се заблагодари на граѓаните кои денеска гласаа на изборите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган има предност, но резултатите од трите најголеми градови може да направат промена во исходот

Следно

Петрушевски: Додека власта троши 117 милиони евра на незапочнат проект, граѓаните немаат елементарни услови за живот

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.
Go toTop