Телефонски закани за убиство кон премиерот и министрите во Хрватска

May 12, 2023
1 min read

Портпаролот на Владата потврди дека полиција дошла во владината зграда поради закани за убиство, а дел од медиумите пренесуваат дека телефонскиот повик бил направен од машко лице и дошол од странство

Андреј Пленковиќ / FOTO: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Телефонски закани кон премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ и министрите во Владата биле упатени денеска поради што е зголемено обезбедувањето.

Хрватското Министерство за внатрешни работи (МВР) соопшти дека распоредиле дополнителни сили околу зградата на Владата откако биле упатени телефонските закани.

Во утринските часови, како што наведоа, полициската управа во Загреб добила пријава од непознато лице, кое му се заканувало на премиерот и со оглед на сериозноста на заканите, дополнителни полициски сили биле испратени и распоредени.

Полициски службеници, наведоа, спроведуваат истрага со цел да се утврдат сите околности и да се идентификува лицето кое ги упатило заканите.

Владиниот портпарол, Марко Милиќ, пренесува „Индекс.хр“, исто така потврди дека полиција дошла во Владата поради закани за убиство на премиерот и членови на владата.

„РТЛ Денес“, пак, повикувајќи се на свои извори објави дека закани ги упатило машко лице, а телефонскиот повик бил од странство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

35. Меѓународен Саем на книга со зголемена посета како пред пандемијата, велат организаторите

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Демонстрантите го „запалија светлото“ во Србија на масовниот протест против насилството

Latest from Blog

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите

22 пожари на отворен простор утрово

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира
Go toTop