НЕВЕРОЈАТЕН СУДИР ВО ВСЕЛЕНАТА – Дел од ракетата на SpaceX ќе удри во месечината со речиси 8.700 КМ/Ч

August 5, 2026
1 min read

Дел од ракета на SpaceX денес ќе се судри со Месечината
со брзина од околу 8.690 километри на час, откако вториот степен од ракетата
Falcon 9 останал во орбитата по мисијата од минатата година. Четиритонскиот
ракетен дел, со големина приближна на автобус, се очекува да падне во
Ајнштајновиот кратер, во слабо истражен дел од површината на Месечината.

Од SpaceX нагласуваат дека судирот не е намерен. Се очекува
ударот да создаде облак од месечева прашина, кој веројатно ќе биде осветлен од
Сонцето, но тешко ќе може да се забележи со голо око од Земјата.

Вообичаено, ваквите делови од ракетите повторно
влегуваат во атмосферата на Земјата и согоруваат или паѓаат во океанот. Но,
поради поголемата сила потребна за мисијата кон Месечината, вториот степен
останал во вселената и со месеци неконтролирано се движел како дел од
вселенскиот отпад.

Астрономите претходно утврдија дека неговата траекторија
неизбежно води кон Месечината. Според експертите, комбинацијата од сончевата
активност и гравитациските сили го насочила кон природниот сателит на Земјата.

Иако ваквите судири се ретки, тие не се без преседан. Во
2022 година, степен од кинеска ракета исто така удри во Месечината, додека НАСА
во 2009 година намерно предизвика ваков судир за научни истражувања.

НАСА и SpaceX веќе работат на решенија за да се спречат
слични инциденти во иднина, особено во пресрет на мисиите од програмата
„Артемис“, чија цел е враќање на астронаути на Месечината и изградба на
постојана база.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

22 пожари на отворен простор утрово

Следно

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop