(ФОТОГАЛЕРИЈА) Демонстрантите го „запалија светлото“ во Србија на масовниот протест против насилството

May 12, 2023
1 min read

Уште еден интерес момент кој од протестот што го пренесуваат дел од медиумите е што возач на Итната медицинска помош додека поминуваше низ толпата им даде поддршка на демонстрантите со звучната сигнализација и со мавтање со раката преку прозор

Вториот протест „Србија против насилството“ во Белград изнесе огромен број граѓани на улица. Дел од проценките се дека бил помасовен од првиот на 8 мај кога организаторите соопштија дека имало 50 000 луѓе. Протестот започна во 18 часот пред српскиот парламент, а оттаму демонстрантите тргнаа во протестен марш кон еден од најважните мостови во Белград, „Газела“.

На почетокот на протестот беа прочитани барањата за смена на министерот за внатрешни работи Бранислав Гашиќ и директорот на српска БИА Александар Вулин, како и смена на членовите на РЕМ, регулаторното тело за медиуми во Србија.

Во текот на протестот, кога почна да паѓа мрак, граѓаните спонтано ги запалија светилките на мобилните телефони со што симболично порачаа дека „ги запалиле светлото во Србија“, пренесува Н1 ТВ. По ова следуваше громогласен аплауз.

Уште еден интересен момент кој од протестот што го пренесуваат дел од медиумите е што возач на Итната медицинска помош додека поминуваше низ толпата им даде поддршка на демонстрантите со звучната сигнализација и со мавтање со раката преку прозор.

Организатори на протестот се дел од опозициските партии во Србија, но според медиумските извештаи, на настанот немало партиски обележја. Демонстрантите носеа транспаренти против насилството и против провладините медиуми, а скандираа и пораки кон претседателот Алекандар Вучиќ порачувајќи му „Вучиќ, оди си“.

Организаторите во обраќањата повикаа и на нов протест следниот петок пред српскиот парламент кога треба да се одржи седница на која ќе се расправа за барањата на опозицијата по масовните убиства во Белград и Младеновац.

Во медиумите кои важат блиски до српската власт, пак, извештаите се дека на протестот има малку луѓе односно „грст мршојадци“, како и дека меѓу толпата има четници и мигранти, а целта е никој да не зборува за убиствата туку да се предизвика хаос.

Протестите следуваат по двете масовни убиства што се случија во Србија, првото во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а второто кај Младеновац, во кои беа убиени вкупно 17 лица.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Телефонски закани за убиство кон премиерот и министрите во Хрватска

Следно

Комити со акција: Донирајте за Вардар – веднаш!

Latest from Blog

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето
Go toTop