Ердоган најави зголемување на платите на државните службеници

May 11, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, најави дека во јули најниската плата на државните службеници ќе изнесува 22.000 турски лири (над 1.000 евра), јавува Анадолу.

„Ќе извршиме покачување на минималната плата на државните службеници не помалку од минималната плата на вработените во јавниот сектор. Во јули минималната плата на државните службеници ќе достигне 22.000 турски лири“, нагласи Ердоган во Анкара.

Ердоган рече дека зголемувањето на платите на државните службеници „автоматски ќе се одрази и на пензиите“.

„Му дадов инструкции на нашиот министер да ја заврши оваа работа до јули“, додаде турскиот претседател.

Во вторникот, Ердоган најави зголемување на платите за 45 отсто за 700.000 работници во јавниот сектор, зголемувајќи ја нивната минимална месечна плата на 15.000 турски лири (над 700 евра).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Полагањето на државната матура во неизвесност, ДИЦ продолжува со штрајкот

Следно

Еден азербејџански војник е убиен во пукотница од ерменските сили

Latest from Blog

3-те најпосетувани градови во светот: Првиот никој не го очекуваше – мора да ги посетите

Иако многумина би помислиле дека Париз е најпосетуваниот град на планетата, или можеби Њујорк, тоа се Истанбул, Лондон и Дубаи. Дубаи, Обединети Арапски Емирати Овој футуристички град го освои третото место со

Колумна на Мартин Ристевски: ПОСТИЗБОРНО

Изборниот процес донесе многу интересни текови за нашата држава. Историски пресврти во многу општини, крај на една политичка партија и структура која се уште е заробена во 2001 година, како и многу нови предизвици

Паоло Ваноли е нов тренер на Фиорентина

По отказот на Стефано Пиони, Фирентина, која што во моментов е во многу лоша играчка и резултатска ситуација, за нов тренер се одлучи да го ангажира, Паоло Ваноли, некогашниот играч на „Виолетовите“.

Границите во Словенија ќе ги чува војската

Припадниците на словенечката армија од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, кој го дозволува
Go toTop