Полагањето на државната матура во неизвесност, ДИЦ продолжува со штрајкот

May 11, 2023
2 mins read

Давајќи образложение за ваквата одлука, претседателката на Синдикатот на ДИЦ, Емилија Бошковска, кажа дека ниту вчерашната средба која синдикалните претставници ја имаа со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не вродила со плод по однос на нивните барања

На средбата со Битиќи им била понудена исплата на К-15 – нешто што, како што рече, им следува со закон, а што досега незаконски било спречувано да го добијат. Второто нешто што било понудено е линеарно покачување на платите, нешто што исто така требало да се случи автоматски и да не биде дел од преговорите

Полагањето на овогодишната државна матура, кое требаше да почне на 27 мај, се чини сè понеизвесно, откако вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска најавија дека продолжуваат со штрајкот, кој го започнаа пред 15-ина дена со барање до надлежните институции за покачување на нивните плати.

Давајќи образложение за ваквата одлука, претседателката на Синдикатот на ДИЦ, Емилија Бошковска, кажа дека ниту вчерашната средба која синдикалните претставници ја имаа со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не вродила со плод по однос на нивните барања.

„Од средбата со вицепремиерот за економски прашања добивме идентитчен, како напамет научен текст од она што досега го добивавме од другите министри, односно од министерот за образование и од претставници од Министерството за финансии“,

вели претседателката на Синдикалната организација на ДИЦ.

Претседателката на Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ), Емилија Бошковска

На средбата со Битиќи, кажа Бошковска, им била понудена исплата на К-15 – нешто што, како што вели, им следува со закон, а што досега незаконски било спречувано да го добијат. Додаде дека исплатата на К-15 е предвидена и во нивниот колективен договор и оти ова воопшто не било цел на преговорите.

„Второто нешто што ни е понудено е линеарно покачување на платите, нешто што исто така требаше да се случи автоматски и да не биде дел од преговорите. Со еден збор, со нивното игнорирање и со давање на други предлози коишто не беа цел на преговори, го прогласуваат нашиот поединечен колективен договор на ниво на работодавач за ништовен“,

рече таа, додавајќи оти функционерите нашле начин како да ги зголемат своите плати за околу 80 проценти, а не можат да најдат решение за платите на 30-ина луѓе во ДИЦ кои, како што рече, работат напорно и имаат повеќе одговорности истовремено.

Ваквите решенија кои ги нудат надлежните, Бошковска ги оцени како ад хок, за само, како што вели, да се смири состојбата. Првичните грешки, според неа, се направени со тоа што Владата донела, како што рече, популистичка одлука за покачување на минималната плата на 18 000 денари без притоа да се направи линеарно покачување на останатите плати. Со второто покачување на минималната плата на 20 000 денари, вели таа, само уште повеќе се зголеми бројот на лица кои имаат идентична плата, па така, како што кажа, вработени на различни позиции и со различно ниво на образование земаат минимална плата.

„Решението на целиот проблем, за да се сменат овие грешки коишто ги направи Владата со популистичките мерки, беше да се смени начинот на којшто се пресметува минималната плата, односно со измена на колективниот договор и како основна компонента да се стави минималната плата. И оттука тргнавме. Ние не баравме покачување од 30 отсто или од 70-80 отсто како што си ја зголемија функционерите платата. Баравме на различни позиции да добиеме различно покачување“,

додаде Бошковска.

Бошковска не одговори конкретно на прашањето дали на 27 мај ќе се полага првиот испит од државната матура, но кажа дека штрајкот на вработените во ДИЦ ќе продолжи и натаму, а со тоа во мирување ќе бидат сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар.

Нагласи дека ова е последното јавно излагање на вработените во Центарот додека трае штрајкот, а наместо од нив, изјави и соопштенија медиумите и јавноста ќе треба да добиваат од надлежните министерства.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири пред два дена во изјава за ТВ Сител изјави дека државна матура мора да се полага на 27 мај, а за процесот да се реализира, ако е потребно, ќе се вклучат и вработените од МОН.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Америка за прв пат одобри префрлање запленети руски пари на Украина

Следно

Ердоган најави зголемување на платите на државните службеници

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop