Италија: Експлозија одекна во центарот на Милано

May 11, 2023
1 min read

МАДРИД (АА) – Експлозија одекна во центарот на италијанскиот град Милано, при што бројни амбулантни возила, пожарникари и припадници на безбедносните сили се упатени на местото на настанот, пренесува Анадолу.

Според вестите на италијанските медиуми, голема експлозија одекна на улицата „Пиер Ломбардо“ во подрачјето на Порта Романа во Милано.

Се истакнува дека како резултат на експлозијата во подрачјето избувнал и пожар.

Бројни амбулантни возила, пожарникари и припадници на безбедносните сили се упатени на местото на настанот.

Според првичните сознанија, во експлозијата се повредени 4 лица.

Се нагласува дека бројни училишта како и домови што се наоѓаат во близина на оваа зона биле евакуирани.

Сè уште не е објавено официјално соопштение во врска со изворот на експлозијата.

Од друга страна, очевидците во изјава за италијанските медиуми нагласиле дека боците со кислород што се наоѓале во едно возило, првин се запалиле, а потоа експлодирале.

На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се забележуваат бројни возила оштетени како резултат на експлозијата, како и чад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Акар: Туркије сака продолжување на договорот за пренос на жито преку Црното Море

Следно

Америка за прв пат одобри префрлање запленети руски пари на Украина

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop