Во новите израелски напади на Газа загинаа три лица

May 11, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку три лица се убиени во напад со дрон што Израел го изведе ова утро во окупираниот Појас Газа, известува Анадолу.

Палестинската новинска агенија ВАФА објави дека израелскиот напад бил насочен кон стан во Кан Јунис.

Во нападот има и повредени, а некои од нив се во тешка здравствена состојба. Станот е уништен, а причинета е и материјална штета на околните имоти.

Израелските авиони изведоа воздушни напади и врз празна куќа и ливада во Кан Јунис. Во нападот нема повредени.

Околу 14 куќи се целосно или делумно уништени во израелските воздушни напади во различни делови на Појасот Газа.

Во нападите што израелската војска ги спроведува од вчера на просторот на окупираниот Појас Газа убиени се 21 лице, а 64 се ранети.

Меѓу загинатите се тројца припадници на воениот персонал на Движењето исламски џихад.

Според палестинските податоци, најмалку 130 Палестинци се убиени од израелски истрели од почетокот на годината досега.

Деветнаесет Израелци се убиени во одвоени напади во истиот период.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Волстрит благо порасна, инфлацијата во САД попушта

Следно

Трамп: Ако јас бев претседател, Русија никогаш немаше да ја нападне Украина

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop