Вучиќ ги повика граѓаните на историски најмасовниот собир во Србија

May 10, 2023
1 min read

Српскиот претседател ги обвини своите политички противници оти на брутален начин ја злоупотребиле трагедијата во Србија и организирале политички протести во еден од деновите на жалост, со едиствена цел, вели Вучиќ, насилно преземање на власта. Поради тоа, тој ги повика граѓаните да ја спасат и да ја одбранат Србија од оние кои сакаат да ја уништат по секоја цена, и да излезат на најмасовниот протест во историјата на земјата

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа преку социјалните мрежи им се обрати на граѓаните во врска со трагичните настани кои минатата недела ја погодија Србија, но и за, како што рече, обидите за политизирање на тие настани од страна на опозицијата.

Тој ги обвини своите политички противници оти на брутален начин ја злоупотребиле трагедијата и организирале политички протести во еден од деновите на жалост, со едиствена цел, вели Вучиќ, насилно преземање на власта.

Говорејќи во оваа насока, Вучиќ ги повика сите граѓани кои, како што рече, сакаат да ја спасат Србија и да ја одбранат од оние кои сакаат да ја уништат по секоја цена, да излезат на најмасовниот собир во земјата кој ќе се одржи на 26 мај пред спрскиот парламент во Белград.

„Нивната единствена цел е насилно да ја преземат власта и да ја воведат хаос, нестабилност и немири во Србија. Токму затоа вечерва ги повикуваме сите граѓани на Србија на 26 мај, ден пред големите и важни одлуки за Србија, да ги одбранат демократските вредности на нашата земја да дојдат на најголемиот собир досега одржан во Србија“,

вели Вучиќ во видеообраќањето.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Садио Мане се враќа во Премиерлигата

Следно

Модриќ за полуфиналето со Сити: Уште ништо не е решено

Latest from Blog

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 
Go toTop