СЗО: 604 загинати и 5.127 повредени досега во судирите во Судан

May 9, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Над 600 луѓе загинаа во неколкунеделниот вооружен конфликт во главниот град на Судан, Картум, соопшти денес Светската здравствена организација (СЗО), јавува Анадолу.

Тарик Јашаревиќ, портпаролот на СЗО, ги објави новите бројки на брифинг во Обединетите нации – 604 загинати и 5.127 повредени од почетокот на немирите во Судан на 14 април.

„Сега има повеќе од 700.000 внатрешно раселени лица во Судан“, рече Јашаревиќ, што е двојно повеќе од 340.000 од пред само една недела.

На 15 април избувнаа борби меѓу суданската Армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) во Картум и неговата околина.

Во последните месеци меѓу суданската Армија и паравоените сили (РСФ) се појави несогласување околу интеграцијата на РСФ во вооружените сили, клучен услов за транзицискиот договор на Судан со политичките групи.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја разреши преодната Влада на премиерот Абдала Хамдок и прогласи вонредна состојба, потег што политичките сили го квалификуваа како „државен удар“.

Преодниот период на Судан, што започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, требаше да заврши со избори на почетокот на 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин нема да го преживее губењето на Крим

Следно

Туркије: На Моминската кула во Истанбул вратен изворниот сјај

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop