Путин нема да го преживее губењето на Крим

May 9, 2023
1 min read

За Францис Фукојама добитната комбинација за Украинците е да ги ослободат Херсон и Запорожје на југ со што би дошле во позиција за вистински преговори и примирје кое има шанси да издржи подолго време.

„Моментално, мислам дека мировни преговори би биле многу лоши за Украина, бидејќи тоа ќе и даде на Русија големо парче од украинската територија. И мислам дека тоа нема да биде добра ситуација,“ изјавил Фукојама.

Американскиот политиколог го смета Крим за една од најголемите руски слабости, бидејќи потенцијалното ослободување на Херсон би ја прекратило една од двете врски на Крим со Русија. Втората, мостот, по враќањето на Херсон исто така би била во домет на украинските сили, „и тие тогаш нема да мора да го освојуваат Крим, туку едноставно ќе можат руските војници да ги држат таму како заложници.“

Според Фукојама би било многу тешко Русија политички да се откаже од Крим преку преговори, без разлика на заканата од Украина.

Ако за Русија е политички неизводливо да се откаже од Крим, за Украина идентичен проблем е откажување од дел од Донбас, кој според Фукојама би бил „кошмар“ за Украина за владеење дури и на послужавник да го добие.

„Па и двете страни во тој момент имаат слабости и работи што можат да ги загубат. А тоа значи дека во еден момент би можеле да имаат пореални преговори.

Меѓутоа реално не гледам дека која било од страните би можела формално да се согласи да се откаже од Крим или од Донбас, па мислам дека поверојатно е да има некој вид неформална спогодба,“ изјавил Фукојама.

Тој уште стои на својот став од пред една година (во време кога Русите уште беа околу Киев) дека Русија е пред директен пораз во Украина, а моменталната пат ситуација на фронтот иако е неочекуван застој тоа сепак е нешто што украинската армија ќе го надмине.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лекторатот по македонски јазик во Риека одбележува 15 години постоење

Следно

СЗО: 604 загинати и 5.127 повредени досега во судирите во Судан

Latest from Blog

Трамп и Си разговарале за ситуацијата на Блискиот Исток и Украина

 Државната новинска агенција Синхуа објави дека лидерите „размениле мислења за важни меѓународни и регионални прашања“, а војната во Украина исто така била на дневен ред.  Во текот на разговорите Кина одлучила да

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на
Go toTop