Во израелски воздушни напади на Газа загинаа 12 лица, меѓу кои и жени и деца

May 9, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Дванаесет лица загинаа, меѓу кои жени и деца, а 20 се повредени во воздушните напади изведени рано утринава во Газа од страна на израелската војска, заедно со израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет, јавува Анадолу.

Бројот на загинати го соопшти Министерството за здравство во Газа.

Преку соопштение, бригадите Ал Кудс, вооруженото крило на движењето Исламски џихад, истакнаа дека во нападите загинале тројца членови на неговото раководство и нивните сопруги и деца.

Меѓу нив биле и високиот лидер на движењето Тарек Иззелдин, командантот Халил Бахитини и Џахед Ахнам, генералниот секретар на воениот совет.

Движењето изрази жалење поради смртта на своите членови.

Во соопштението, портпаролот на Исламски џихад, Тарик Силми, истакна дека „сите опции и сценарија се отворени за силите на отпорот како одговор на злосторствата на окупаторските сили“.

„Отпорот нема да престане додека не заврши окупацијата“, порача Силми, додавајќи дека тие „ќе ги одмаздат лидерите“.

Лидерот на движењето Хамас, Исмаил Ханије, ја повтори изјавата на Силми, нагласувајќи дека Израел направил грешка во својата операција и дека ќе ја плати цената.

„Убиството на лидерите преку предавничка операција нема да обезбеди сигурност за самата окупација (за Израел). Напротив, додатно ќе го зголеми отпорот“, рече Ханије.

Претходно армијата ја најави операцијата „Штит и стрела“ откако започна воздушни напади врз цели на Исламски џихад во Појасот Газа. Соопшти дека целта е раководството на движењето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган: Туркије подготвена да биде домаќин на преговори на спротивставените страни во Судан

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Кога државата капитулира пред една дивоградба

Latest from Blog

Фатен осомничениот за убиството на Чарли Кирк – таткото клучен во неговото апсење

Маж осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен, а клучна улога во неговото предавање одиграл неговиот татко, објави CNN, повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Според информациите, 22-годишниот

„Мајкрософт“ се согласи да овозможи интероперабилност со конкурентските алатки за комуникација

Компанијата „Мајкрософт“ се согласи на измени во своите практики со цел да ја отстрани загриженоста на Брисел поради поврзувањето на популарната платформа за тимска соработка Мајкрософт Тимс со нејзините апликации Ворд, Ексел,

Божиновска: Рекорден интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – 3.954 апликации досега

Голем интерес за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според податоците на институцијата, заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации

Комерцијална, Алкалоид и Стопанска банка со најголем дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Петочната сесија на Македонската берза беше обележана со значително зголемена активност, со вкупен промет од 58,9 милиони денари,
Go toTop