Вучиќ за протестите на опозицијата: Oчекував да понудат конкретни идеи, а сè се сведе на сува политика

May 8, 2023
1 min read

Коментирајќи ги денешните протести на српската опозиција, претседателот Александар Вучиќ рече дека очекувал организаторите да понудат конкретни мерки и идеи, но наместо тоа, сè се свело на сува политика. Додаде дека на ваков брутален начин се искористуваат емоциите на луѓето кои сè уште се потресени од двете масовни убиства во Србија

Под слоганот „Србија против насилството“, опозиционерите денеска на протест побараа од регулација на дел од медиумите кои промовираат насилство и го кршат новинарскиот кодекс, побараа оставки од дел од министрите, но и итна собраниска седница на која ќе се разгледува одговорноста на владата и безбедносната состојба во државата

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги искритикува протестите кои денеска попладне ги организараа парламентарните опозициски партии, по повод, како што наведоа и самите, реакцијата на државата по двете масовни убиства што се случија во Србија на 3 и 4 мај.

Под слоганот „Србија против насилството“, опозиционерите на протест побараа регулација на дел од медиумите кои промовираат насилство и го кршат новинарскиот кодекс, побараа оставки од дел од министрите, но и итна собраниска седница на која ќе се разгледува одговорноста на владата и безбедносната состојба во државата.

Коментирајќи ги денешните протести, Вучиќ рече дека очекувал организаторите да понудат конкретни мерки и идеи, но наместо тоа, сè се свело на сува политика. Додаде дека на ваков брутален начин се искористуваат емоциите на луѓето кои сè уште се потресени од двете масовни убиства во Србија.

„Јас уште синоќа во Дневникот на РТС искрено побарав да не се организира вакво нешто – не затоа што бев исплашен, туку затоа што мислев дека е лошо за државата. Очекував дека ќе понудат некои идеи за кои ќе може разговараме. На крајот сè се сведе на сува политика и на ‘Само да ги откажат Хепи и Пинк и за сите да си поднедат оставка’“,

рече Вучиќ во интервју за ТВ Хепи.

Српскиот претседател додаде дека на протестите имало најмногу 9 000 луѓе, иако тамошните медиуми јавуваат дека на протестот во Белград излегле над 50 000 луѓе, што според учесниците е еден од најмасовните протести во последно време.

Опозициските партии кои беа организатори на денешниот протест побараа згаснување на магазините и таблоидите кои промовираат омраза и насилство и го кршат новинарскиот кодекс, но и конфискација на фреквенциите на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“ и стопирање на реалните шоуа и програми кои промовираат насилство, неморал и агресија, а кои се емитуваат на националните телевизии.

Тие побараа и итна седница на собранието на која ќе се разгледува одговорноста на владата на Србија и безбедносната состојба во државата, како и долгорочни решенија кои треба да се спроведат за настани како минатонеделните никогаш веќе да не се повторат.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сон жртва на расни навреди од навивачи на Кристал палас

Следно

Две девојчиња од Струмичко се изгубиле во Скопје, последен пат се видени пред ТЦ „Веро Џамбо“

Latest from Blog

За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, во Собранието нема нова распределба на пратеници

Актуелниот министер за здравство и лидер на крило на АА Арбен Таравари, смета дека во партиите партнери во коалицијата Вреди има емотивни реакции по неговата одлука АА на локалните избори да има

Омерагиќ на отворањето на регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори регионална канцеларија во Истанбул на пригодна свеченост на која присуствуваше и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ. Свеченоста беше одбележана со присуство на шефот

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на

Тренчевска до Дурмиши: Кој ќе одговара за доцнењето на платите и непочитувањето на законските обврски?

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на собраниската седница посветен на пратенички прашања упати прашање до министерот економија и труд Бесар Дурмиши, во врска со неисплатените плати на вработените министерство за
Go toTop