Концерт „Филиз“ на пијанистката Мари – Анж Нгучи во Филхармонија

May 8, 2023
2 mins read

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Филиз“ на кој како солистка ќе настапи исклучителната пијанистка Мари – Анж Нгучи (Франција/Албанија). Диригент е маестро Џорџ Џексон од Англија, кој првпат ќе застане пред оркестарот на Филхармонија, а на програмата се „Трагична увертира“ оп. 81 од Јоханес Брамс, Симфонија бр. 8 „Недовршена“ од Франц Шуберт и Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Сергеј Рахманинов.

Рускиот композитор Сергеј Рахмањинов (1873 – 1943) има посебно место во историјата на музиката. Пишувал исклучително романтична музика, иако живеел и создавал до средината на 20 век. Во своите дела за пијано и оркестар, Сергеј Рахмањинов секогаш има впечатливи почетоци. Во Првиот и во Четвртиот концерт овие почетоци се агресивни, во Вториот, стартот е маркиран со серија од впечатливи акорди. За разлика од нив, Концертот број 3 започнува „нетипично“ за Рахмањинов, односно започнува едноставно, наспроти драматичните и комплексни „отворања“ во неговите останати концерти за пијано. Солистичкиот инструмент во ова дело „пее“ тивка мелодија, со типично руски музички сензибилитет. Во една прилика, Рахмањинов му се доверил на музикологот Јозеф Јасер дека темата му се појавила токму таква, како да „била напишана од самата себе“. Напишал мелодија, која сакал да звучи како да е „отпеана“ и не сакал преку оркестрацијата со ниту еден комплексен сегмент да ја засени нејзината едноставност.

Како исклучително талентирана пијанистка, Мари-Анж Нгучи магистрира пијано со највисока оценка на Националниот конзерваториум за музика во Париз во 2014 година, на 16-годишна возраст. Како бескрајно љубопитна уметница, и музички и интелектуално, таа ја продолжува својата наобразба и магистрира и докторира на студиите по музичка анализа и музикологија на универзитетот во Сорбона. Нејзиниот талент беше препознаен уште по освојувањето на Првата награда на Меѓународниот натпревар по пијано Лагни-сур-Марн (Франција), во 2011 година. Во 2015 година, таа ја доби и првата награда на меѓународниот натпревар по пијано „Мекензи“ во Њујорк. Таа е исто така добитник на грантови од Фондацијата L’Or du Rhin, Фондацијата АДАМИ и Мејер, Француско-американското друштво за пијано, Меѓународната академија за музика во Кнежеството Лихтенштајн и Музичката фондација „Јамаха“. Нејзиниот обемен репертоар се движи од барок, до класичен и романтичен, а изведува и современа музика. Со особен интерес кон музиката на нашето време, Мари-Анже работела со композитори како Тиери Ескаих, Бруно Мантовани, Грацијан Финци, Ален Абот и Мишел Фоасон. Настапите на Мари Анж, како рецитален уметник, солист и камерен музичар ја носат на водечките светски концертни сцени.

Џорџ Џексон е диригент, за кој критиката вели дека е препознатлив по широчината и посветеноста на својата работа, без разлика дали станува збор за оперска продукција, симфониски репертоар или современи партитури, тој успева да изгради силни врски со оркестрите што ги води. Во септември 2022 година Џексон го започнува својот мандат како музички директор на симфонијата Амарило, која следната сезона прославува 100 години од формирањето. Исклучителниот нерв во подготвувањето сложени партитури го однесе и постојан ангажман и со ансамблот „Интерконтемпораин“ со кој ја објавија светската премиера на „Рајх/Рихтер“ на американскиот композитор Стив Рајх под етикетата на „Nonesuch Records“. Во последно време се повеќе е баран како гостин диригент кај европските оркестри, кои го ценат неговото „бестрашно“ диригирање и темелната техники на подготовка кои се составен дел од неговите оркестарски проби. Критичарите на британски „Телеграф“ и „Гардијан“ не ги штедат зборовите за овој диригент за кого велат дека е „внимателен со емоциите во партитурата и дека успева да креиера одлична атмосфера и приказна со оркестрите кои ги води“.

Џорџ Џексон како дете учел виолина, а подоцна бил тапанар и гитарист во повеќе пост-панк, рок и ирски фолк бендови, развивајќи широк спектар на музички вкусови кои се составен дел од неговата уметничка харизма.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Од денеска до 8 јуни граѓаните на Србија ќе можат да го предадат нелегалното оружје без да сносат одговорност

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Три автомобили изгореа кај Бит-пазар

Latest from Blog

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила

И покрај „Иди ми… Дојди ми“ со Косово, нема исход за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

Министерот за правда, Игор Филков, на прашањето до каде е постапката за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои македонските судови ги осудија на доживотна казна затвор за случајот ,,Монструм”, рече

ВМРО-ДПМНЕ: Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не можеа сам да стои на свои нозе во политиката, велат од ВМРО-ДПМНЕ по внатрепартиските раководни именувања во СДСМ. -По изборот

Костова, дел од раководството на СДСМ: Мизерна е таа лакомост на религиозните

Кристина Костова вечерва е избрана за потпретседател на СДСМ на првата седница на новиот Централен одбор на партијата. Зад Костова која е дел од раководството на СДСМ, како печат стои делувањето во

Туркије: Декларацијата на Алијансата на цивилизации на ОН ја потврди определеноста за борба против дискриминацијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерството за надворешни работи на Туркије денес соопшти дека посветеноста на борбата против сите форми на дискриминација е нагласена во декларацијата усвоена на Десеттиот глобален форум на Алијансата на
Go toTop