(ВИДЕО) Ердоган на предизборен митинг во Истанбул: Ќе ги закопаме оние што се про-ЛГБТ во гласачките кутии

May 8, 2023
1 min read

Ердоган во последниве години ја зацврсти својата реторика против ЛГБТ заедницата, често нарекувајќи ги нејзините членови „девијантни“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на предизборен митинг во Истанбул, Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера одржа масовен предизборен митинг во Истанбул пред важните избори што треба да се одржат следниот викенд.

Медиумите во Турција пишуваат дека собирот наречен „Големата истанбулска средба“ се одржал на аеродромот Ататурк. Ердоган им порача на граѓаните дека на митингот дошле 1,7 милиони луѓе.

Ердоган рече дека неговата партија ќе победи некои опозициски кандидати на 14 мај и официјално ќе ги пензионира. Тој потсети на постигнувањата на неговата влада, која е на власт 21 година.

„Роден сум во Истанбул и бев градоначалник на овој град. Заедно марширавме до кабинетот на премиерот, а потоа до кабинетот на претседателот. Истанбул денес вреска. Некого ќе пензионираме на 15 мај. Според официјалните податоци има 1,7 милиони луѓе на овој митинг“,

им порача Ердоган на граѓаните.

Анкетите покажуваат дека Ердоган се соочува со најголемиот изборен предизвик во неговите две децении на власт. На митингот во Истанбул, претседателот апелираше до неговата конзервативна муслиманска база.

„Партијата АКП и другите партии во нашиот сојуз никогаш не би биле про-ЛГБТ, бидејќи семејството за нас е свето. Ќе ги закопаме оние што се про-ЛГБТ во гласачките кутии“,

ѝ порача тој на толпата.

Ердоган во последниве години ја зацврсти својата реторика против ЛГБТ заедницата, често нарекувајќи ги членовите „девијантни“.

Во неделата, тој го нападна и неговиот клучен изборен ривал Кемал Киличдароглу, кој ја предводи главната опозициска алијанса.

„Мојот народ нема да дозволи пијаниците да излезат на сцената. Мојата нација ќе го даде потребниот одговор на 14 мај. Нема да дозволиме Киличдароглу, кој е рака под рака со терористите, да ја подели нашата татковина“,

нагласи турскиот претседател.

Ердоган го обвинува Киличдароглу дека добил поддршка од забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која го води бунтот од 1980-тите во кој загинаа повеќе од 40 000 луѓе. Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка група.

Опозицијата претходно ги осуди тврдењата на Ердоган како реторика на поделби и опасна кампања.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цените на нафтата паѓаат три недели по ред

Следно

Бајден го повика американскиот Конгрес да го забрани јуришното оружје

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop