Вучиќ: Имам такви трауми, што се плашам секој ден – до крајот на мај ќе има интересни политички случувања

May 7, 2023
3 mins read

Претседателот на Србија вечерва не зборуваше многу за политика, но најави дека до крајот на мај ќе има интересни политички случувања во земјата. Како што рече, прво мора да се обезбеди стабилноста во државата

Најмногу внимание тој посвети на мерките што ќе ги преземе власта, а кои, според него, ќе го променат српското општество. Потсети дека од утре почнува акција за собирање на нелегалното оружје во која се очекува да се соберат милион куршуми. Ако не сакате да лежите робија 5, 10 или 15 години за чување куршуми, тогаш предајте ги, порача Вучиќ

Александар Вучиќ / Фото: Принтскрин/РТС

Изразувајќи сочувство до семејствата на настраданите во двата масакри во Србија, претседателот Александар Вучиќ го започна своето вечерашно гостување на јавниот сервис, по што продолжи да зборува за мерките што ги донесе Владата.

„Сè уште не ги донесовме сите мерки. Морате да бидете со својот народ и кога е најтешко. Секако дека на семејствата им е најтешко и никогаш нема да го преболат ова. Но, ние мораме, не заборавајќи никогаш на трагедиите и на жртвите, да продолжиме да размислуваме како тоа никогаш да не се повтори“,

рече Вучиќ.

Тој потсети дека по првиот масакр во основното училиште во Белград напоменал оти се плаши од копирање на ова злосторство.

„Сега имам такви трауми, што се плашам секој ден. Приведувања колку сакате, не само деца, туку и возрасни“, рече Вучиќ.

Мерките што ќе се преземат, нагласи тој, суштински ќе го променат општество.

„Како што беше случај и во Германија кога поранешен гимназијалец уби 19 луѓе, тие тогаш секој ден имаа кампања, но и како општество сите заедно донесоа нови мерки и вчера или завчера донесоа нов закон за социјалните мрежи за сите оние што користат говор на омраза на нив. Казните се неверојатни, и тоа и за провајдерите кои не ги отстрануваат тие содржини“,

посочи Вучиќ.

Потоа, се осврна на акцијата за предавање на нелегалното оружје што го поседуваат граѓаните во Србија, што почнува утре, и нагласи дека очекуваат да соберат милион куршуми.

„Ние од утре го одземаме нелегалното оружје. Имате време од еден месец да го донесете без никакви последици, само го оставате. Ги молам луѓето да го донесат и да го остават во полициска станица. Очекуваме одговорност и дека на таков начин ќе собереме милион куршуми. Некои животи ќе бидат сочувани и на ваков начин“,

рече српскиот претседател.

Откако ќе заврши акцијата на доброволно предавање на оружјето, нагласи тој, ќе се зголемат казните за нелегално оружје, полицијата ќе врши претреси и ќе го одзема.

„Ако не сакате поради неовластено чување на куршуми да добиете 5, 10 или 15 години робија, тогаш предајте ги. Ќе биде многу глупа одлука за секој што нема да го направи тоа“,

порача Вучиќ.

Оние што поседуваат дозвола, пак, посочи, ќе бидат контролирани еднаш годишно. Ќе се проверува дали користат наркотици, а истото ќе важи и за ловџиите.

Од мерките, Вучиќ го спомена и полициското присуство во училиштата од утре, како и планот за зголемување на бројот на полицајци – 1 200 ќе заминат во пензија, а ќе се вработат 2 500 нови.

Тој вечера не сакаше да зборува многу за политика. Најави дека утре повторно ќе гостува на друга телевизија и ќе зборува за дополнителни мерки што ќе бидат преземени, но и за политика.

„Утре ќе зборувам за дополнителните политички мерки што ќе ги преземеме, за владата и за сè останато“,

најави Вучиќ.

За оставката која попладнево ја поднесе министерот за образование Бранко Ружиќ, кој е кадар на коалицискиот партнер на Вучиќ – Социјалистичката партија, српскиот претседател исто така не сакаше да зборува вечерва.

Спомена само дека разговарал телефонски со Ружиќ.

Исто така, рече и дека зборувал со премиерката Ана Брнабиќ и оти до крајот на месецов ќе се преземат одредени политички чекори.

„Ќе има интересни случувања во земјава до крајот на мај. На прво место мораме да ја обезбедиме стабилноста на земјата“,

рече Вучиќ.

За потсетување, вчера дел од медиумите кои важат за блиски до власта во Србија објавија дека претседателот в понеделник би можел да објави важна одлука – дека владата на Србија ќе поднесе оставка; оставка ќе поднесе тој како претседател или и владата и Вучиќ ќе поднесат оставки и ќе се распишат вонредни избори.

Тоа, пишуваа медиумите, било заклучено на партиски состанок на неговата партија СНС одржан вчера, а на кој присуствувал и Вучиќ.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Српскиот министер за образование поднесе оставка: Солзите за трагедијата вечно ќе ги носам како печат на душата

Следно

Вучиќ за детето што го изврши масакрот: Ќе ви покажам спот, како со индиго да го пресликал тоа што го направи

Latest from Blog

Со фолклорно дефиле и завршен концерт Делчево одбележа 10 години од впишувањето на орото Копачка во УНЕСКО

Со фолклорно дефиле низ градските улици и завршен концерт на Фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево го одбележа големиот јубилеј 10 години од впишувањето на орото Копачка во УНЕСКО. На настанот

Заседава новиот Централен одбор на СДСМ

Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ вечерва одржува прва седница на која се очекува да бидат избрани нови членови на Извршниот одбор, потпретседатели и секретари на партијата. Централениот одбор на СДСМ беше избран

Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник на САД за Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник за војната во Украина, објавија агенциите повикувајќи се на неименувани извори. Во моментов нема специјален пратеник

Сирија: Судири меѓу силите на Асадовиот режим и побунетата опозиција „Тахрир ал-Шам“

ИДЛИБ (АА) – Во Сирија избија судири меѓу силите на режимот на Башар ал Асад и антирежимската вооружена група „Тахрир ал-Шам“ во руралните подрачја на Алепо, јавува Анадолу. Во судирите, кои започнаа
Go toTop