Српскиот министер за образование поднесе оставка: Солзите за трагедијата вечно ќе ги носам како печат на душата

1 min read

Во писмото до премиерката Ана Брнабиќ, тој наведува дека оставката е личен, но и политички чин. Во развиените демократски општества, вели тој, тоа е сила, а во нашиот регион често е одлика на слабост. Но, додава, јавноста нека суди

Бранко Ружиќ / Фејсбук профил на Ружиќ

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Оставката доаѓа неколку дена по масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар во Белград во кое 13-годишен ученик уби девет лица (чуварот и осум ученици) и рани седуммина (наставничка и шест ученици).

„Драматичните слики од училиштето, пролиените солзи при изразувањето сочувство на неутешните родители на настраданите деца, доживотно ќе ги носам како печат на душата. Како одговорен и воспитан човек, професионален во извршување на сите досегашни јавни функции, како родител и граѓанин на Република Србија, која секогаш ми е на прво место, а во согласност со членот 23 од Законот за Влада, ја донесов единствената рационална и чесна одлука во оваа ситуација“,

вели Ружиќ кој е кадар на Социјалистичката партија, коалициски партнер на СНС на Александар Вучиќ.

Во писмото до премиерката Ана Брнабиќ, тој наведува дека оставката е личен, но и политички чин. Во развиените демократски општества, вели тој, тоа е сила, а во нашиот регион често е одлика на слабост. Но, додава, јавноста нека суди.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Претседателот на Тотенхем подготвен да ја плати ослободителната клаузула за Алонсо

Следно

Вучиќ: Имам такви трауми, што се плашам секој ден – до крајот на мај ќе има интересни политички случувања

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 3 мај 2024

Биĸ Можни несогласувања со работното опкружување најдобро ќе ги решите со компромисно решение и јасно дефинитани

Идеална држава

Необични партиски ветувања Според Платон, „сите луѓе не се еднакво способни за истите задачи. Затоа е