Писмо од разочаран скопјанец: „Ноќен живот за фотки“ или „Ла Фајет од Али Експрес“

January 15, 2023
1 min read

Прскалки и конфети во разни бои, баш шарени и смешни како градов. Сите со телефоните во раце, фотографиираат нешто без врска, а речиси никој не забележува која песна оди во позадина. Нема ни што да забележиш, затоа што ЦД-то е истото од минатиот четврток и петок и од предминатиот и од лани. Барем јас таков впечаток имам, затоа што секоја недела истите песни на инстаграм ги слушам. 

Вака почнува е-маил комуникацијата која скопјанец ја испрати до редакцијата на Скопје Инфо. Вели дека е разочаран од фактот што викендите во Скопје повеќе не се место за излегување и забава, туку за фотографирање и објавување на социјалните мрежи.

Колку и да изгледа модерно и убаво, тоа што се случува во дел од локалите во Скопје за време на викенд е бледа копија на клубовите од соседството. Прскалките во раце и конфетите во боја многу потсетуваат на еден клуб од соседството кој прилично е популарен во последните две – три години. Па, да бидам искрен, доколку објавиш фотка, не си нешто модерен и креативен, туку веројатно само депримиран и разочаран затоа што некој друг го прави тоа, на некое друго место кое е многу подобро од копиите кои личат на „Али Експрес“. 

Ноќниот живот во Скопје се сведува на 2-3 ноќни локали, неколку кафеани и кажете ако грешам, но мислам дека периодов нема ноќен клуб кој работи после 12 часот. Или пак можеби има, ама се бројат на една рака и во нив собира многу малку луѓе. Станавме град во кој треба да дојде некој од најнискобуџетните пејачи за да направи гужва и тоа да биде настан кој ќе се раскажува цела недела. 

– Во 2023 година, уште Даниела Мартиновиќ е најголем хит во градот. Скопје, за жал го сведовме на град кој повеќе личи на провинцијалска населба, каде доминираат дијалекти кои тешко ги разбирам, а многу често со нив се служат и некои од „битните“ менаџери вели тој и во е-маил комуникацијата и додава дека е разочаран што живее во скап град, но без никаква содржина и понуда. 

– Патиме да бидеме видени, да се сликаме и да споделуваме на фејсбук и инстаграм. За жал цените на пијачките во локалите се речиси идентични со оние во Белград и Софија. Но, понудата на добри локали, кафулиња и ресторани во Белград и Софија е многу поголема во споредба со Скопје. И таа понуда веројатно е причината за содржината и изборот кој тие го имаат. Се што прават има смисол, изгледа убаво, не е копија и е сосема креативно, вели тој. 

На крајот прашува има дали има надеж за ова мало парче од град кое ќе се обиде да стане идна метропола со содржини, клубови, барови во кои ќе ти биде мерак да ги поминеш викендите.

– До тогаш, ние нормалните луѓе „желни“ за добра журка, ако можеме ќе прошетаме некаде во соседството, а во меѓувреме ќе седиме дома и будно ќе ги пратиме „актуелните инстаграм доживувања“ на скопјани, заклучува тој. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Силен земјотрес во Турција

Следно

На разбудените им треба будење

Latest from Blog

Пелистер ја одбрани титулата

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со победа на Пелистер кој славеше против Вардар со 30-32 (17-15). Во финишот беше вистинска драма, баш како што доликува за еден меч за пехарот.

Закрепнување по трагедијата – трансплантација на кожа и PRP третман за ублажување на лузните

Повеќе од два месеци по трагедијата во дискотеката во Кочани – закрепнувањето на повредените се одвива според планот. На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, кај десетина пациенти била извршена трансплантација на

Локализиран пожарот во село Пелинце

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 14:16 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 бил пријавен пожар во село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на место викано

Англија едвај ја победи Андора, Кејн го постигна единствениот гол

Репрезентацијата на Англија вечерва забележа минимална победа над аутсајдерот Андора со 1:0 во квалификациите за Светското првенство 2026. Единствениот гол за гостите го постигна Хари Кејн постигна гол во 50. минута. За
Go toTop