(ВИДЕО) Десетици уапсени демонстранти за време на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила

May 6, 2023
1 min read

Лондонската полиција уапсила десетици демонстранти за време на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила. Како што пренесе Би-би-си, станува збор за 52 апсења кои биле извршени поради низа причини и сите остануваат во притвор.

Фото: EPA-EFE/Martin Divisek

Според објаснувањето од полицијата, лицата биле приведени поради неколку прекршоци, вклучително и тепачка, прекршување на јавниот ред, нарушување на мирот и заговор за предизвикување јавна непријатност.

„Протестот е легален и може да предизвика нарушувања. Полицајците имаат должност да интервенираат кога протестот ќе стане криминален и може да предизвика сериозно нарушување. Ова зависи од контекстот. Крунисувањето е настан што се случува еднаш во генерација и тоа е клучно внимание во нашата проценка“.

објаснила командантката на полицијата, пренесува Би-би-си.

Пред почетокот на церемонијата на крунисувањето, полицијата го приведе лидерот на антимонархистичката група Република, кој бил меѓу организаторите на протестите. Најголем дел од демонстарнтите носеа блузи на кои пишуваше „Тој не е мој крал“.

Фото: EPA-EFE/ Cathal McNaughton

Апсењата во текот на денот беа критикувани и оценети како аларматни од невладините и активистите за човекови права, кои порачаа дека вакви настани може да се очекува да се видат во Москва, а не во Лондон.

„Извештаите за уапсени луѓе поради мирно протестирање против крунисувањето се неверојатно алармантни“,

посочи директорката на „Хјуманс рајтс воч“ од Обединетото Кралство Хјуман Рајтс Воч, Јасмин Ахмед.

Протести беа одржани и во Глазгов, Шкотска и Кардиф, Велс, со натписи: „Укинете ја монархијата, нахранете ги луѓето“.

Официјалната церемомнија на крунисувањето се одржа во Вестминстерската опатија. Кралот беше крунисан пред повеќе од 2 300 гости, меѓу кои бројни шефови на држави и членови на кралски семејства.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Рафаел Леао не е сериозно повреден

Следно

Пребарувал како да избегне затворска казна – завршено вештачењето на телефонот на момчето кое пукаше во белградското училиште

Latest from Blog

Туфахија

Состојки: 8 јаболка со средна големина (околу 1,5 кг) 200 грама шеќер 100 грама ореви 1 лажичка цимет 1/2 лажичка ѓумбир во прав 1 белка 1 лимон 1 шлаг 1 литар вода

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјава

Ѓорѓиевски: Имињата на македонските партизани се запишани со златни букви

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на патронатот на општинската организација на Сојузот на борци на Македонија и на општинската организација на
Go toTop