Кралот Чарлс ги поздрави насобраните граѓани од балконот во Бакингемската палата

May 6, 2023
1 min read

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила, придружувани од кралското семејство, денеска излегоа на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрават десетиците илјади луѓе собрани по повод нивното крунисување.

Фото: Принтскрин Би-би-си

Заедно со кралот и кралицата со круни и во церемонијална облека беа и престолонаследникот Вилијам со сопругата Кејт и нивните деца.

Фото: Принтскрин Би-би-си

Крунисувањето на кралот беше означено со ставање на круната на Свети Двард на главата на Чарлс Трети.

Чинот се случи на средина од церемонијата што ја води нактербрејскиот надбискуб Џастин Белби.

Претходно Чарлс Трети положи заклетва во која кажа дека ќе го почитува законот и Англиската црква за време на своето владеење и потврди дека е „верен протестант“.

Откако во Вестминстерската опатија седеше на историскиот кралски престол, кралот доби кралски меч „за да ја заштити правдата, црквата и народот“, а доби и други кралски обележја како што се жезол, палка, златко јаболко, ракавица и прстен.

Плотуни беа испукани во моментот на крунисувањето на 11 локации низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст, како и од бродови на британската кралска морнарица.

Кралот беше крунисан пред повеќе од 2 300 гости, меѓу кои бројни шефови на држави и членови на кралски семејства.

Впечатлив момент беше што по крунисувањето, престолонаследникот, неговиот син, принцот Вилијам во бакна во образот. Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон се во првиот ред на церемонијата. Присутен е и вториот син на кралот, принцот Хари, кој седи во задните редови со останатите членови на поширокото кралско семејство. Хари допатува во Лондон без сопругата Меган Маркл, и се очекува набрзо по церемонијата да се врати во САД каде ќе го прослави роденденот на неговиот син Арчи.

Покрај него, за кралица беше крунисана и неговата сопруга Камила.

Двајцата во Вестминстерската опатија дојдоа од Бекингемската палата со кочија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кралот Чарлс Трети е крунисан во Вестминстерската катедрала во Лондон

Следно

Анчелоти: Што и да се случи,мојата иднина е јасна

Latest from Blog

Самит на БРИКС 2025: Што е следно за блокот во пресрет на средбата на лидерите во Бразил?

ИСТАНБУЛ (АА) – Лидерите и претставниците на алијансата БРИКС денес и утре во Рио де Жанеиро ќе го одржат 17-тиот годишен самит, пишува Анадолу. Самитот доаѓа во услови на зголемени геополитички тензии,

Таки Фити: Македонскиот јазик е заштитен во „Францускиот предлог“, губиме драгоцено време

Рацин.мк, во оваа епизода од серијата „Имаме неколку прашања за вас“ оствари интервју со академик Таки Фити. Како што е познато, негова специјалност е економскиот развој на земјите во развој, претприемништвото, економијата

Ајатолахот Хамнеи првпат се појави во јавност од примирјето со Израел

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи вчера првпат се појави во јавност од примирјето со Израел постигнато на 24 јуни. Тој учествуваше на верска церемонија во Техеран. Според снимките објавени на иранската

Најтажниот гол во кариерата на Мбапе, посветен на Диого Жота (ВИДЕО)

Килијан Мбапе влезе во игра во второто полувреме, а во судиското продолжение стрелаше прецизно за водство од 3-1 во победата на Реал Мадрид над Борусија Дортмунд во четвртфиналето од клупскиот мундијал. Погодокот
Go toTop