Кралот Чарлс Трети е крунисан во Вестминстерската катедрала во Лондон

1 min read

ЛОНДОН (АА) – Во првата церемонија на крунисување во Велика Британија по околу 70 години, британскиот крал Чарлс Трети денес е крунисан заедно со кралицата Камила во Вестминстерската катедрала во Лондон, место за крунисување во Британија уште од 1066 година, известува Анадолу.

Во текот на церемонијата на крунисување, што ја водеше надбискупот од Кантербери, виш бискуп на Англиската црква, Чарлс е крунисан со историската круна на Светиот Едвард, со што стана 40. британски монарх кој ја положил традиционалната заклетва за верна служба.

Кралицата Камила носеше модификувана верзија на круната на кралицата Марија.

Чарлс Трети стапи на тронот во септември минатата година по смртта на кралицата Елизабета II, неговата мајка која долго владееше, единствениот монарх што поголемиот број живи Британци го познаваа.

На церемонијата, на Чарлс му беа врачени кугла и жезло што ги претставуваат неговиот верски и морален авторитет.

Чарлс се заколна на посебна Библија дека ќе управува со луѓето со правда и милосрдие и ќе ги подржува црквите што се законски основани.

Се слушнаа фанфари, заѕвонија камбаните на катедралата, а топовски поздрав испука кралската коњичка артилерија.

Во придружба на милионите луѓе кои излегоа на улиците да присуствуваат на спектаклот, повеќе од 2200 угледни личности, вклучувајќи и членови на кралското семејство, претставници на 203 земји и околу 100 шефови на држави, присуствуваа на настанот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Граѓаните од Шуто Оризари започнуваат петиција за функционална поликлиника во општината

Следно

Кралот Чарлс ги поздрави насобраните граѓани од балконот во Бакингемската палата

Latest from Blog