Мисајловски: Законите за „Бехтел и Енка“ не се реформски за да бидат со европско знаменце, добро е што ЕУ кажа „не“

May 6, 2023
2 mins read

Првиот вицепремиер Артан Груби вчера го оправда европското знаменце со тоа што ЕУ го додала Коридорот 8 на мапата на европските коридори, како и неговото стратегиско значење. Делегацијата на ЕУ во земјава, пак, вчера излезе со став дека овие законски-измени не се во насока на усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ и стандардите на Унијата за да бидат со европско знаменце

Добро е што Европска Унија (ЕУ) веднаш кажа дека не е потребно европско знаменце на законите што вчера поминаа на владина седница, а се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10-д од „Бехтел и Енка“, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Тоа не се реформски закони и не смеат да бидат со европско знаменце“,

порача денеска Мисајловски за време на теренските активности на партијата во Стајковци, Гази Баба.

Тој смета дека законите треба да одат во Собрание во регуларна процедура и за нив да се расправа во надлежните комисии. Но, ова што сака да го прави власта, според него, е брука.

„Слушнавме дека сакаат со европско знаменце и да нема расправа за овие закони бидејќи со европско знаменце за два дена треба да поминат и тоа е пљачка на векот“,

вели потпретседателот на опозициската партија.

Ако законите поминат на ваков начин, додава тој, тоа ќе биде најголемиот грабеж во историјата.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат се од себе да ги спречат овие закони, но и сакаме да има расправа, јавна дебата и да се покаже договорот, но некој ептен го крие овој договор и ептен ја крие заднината. Со овој последен чин и гест ова е срам за Македонија“,

потенцираше Мисајловски.

Одлуката да пуштат пет предлог-закони во собраниска процедура со европско знаменце, вчера на прес-конференција во Владата ја соопшти првиот вицепремиер Артан Груби. Станува збор за предлог-измени на: Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за експропријација, Законот за прогласување јавен интерес за изградбата на коридорите 8 и 10-д и на Законот за работни односи.

Со владините предлог-измени поднесени со европско знаменце треба да се надмине блокадата на предлог-решенијата кои претходно пратеници од владејачкото мнозинство ги поднесоа по скратена постапка, но заглавија во собраниска процедура поради големиот број поднесени амандмани.

Првиот вицепремиер го оправда европското знаменце со тоа што ЕУ го додала Коридорот 8 на мапата на европските коридори, како и неговото стратегиско значење.

Делегацијата на ЕУ во земјава, пак, вчера излезе со став дека овие законски-измени не се во насока на усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ и стандардите на Унијата за да бидат со европско знаменце.

„Употребата на европско знаменце во легислативата навистина има за цел да ја забрза интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и затоа треба да цели кон усогласување на (македонското законодавство) со законодавството и стандардите на ЕУ. Во конкретниот случај, нацрт-легислативата се чини дека не се однесува на усогласување со таквите стандарди. Ние ја изразивме нашата загриженост до домашните власти и бараме дополнителни објаснувања. Како што веќе рековме во последователните извештаи на Европската комисија за Северна Македонија, употребата на брзи процедури треба да биде ограничена и да се применува само кога е оправдано да се користи за да се унапреди реформската агенда кон ЕУ. Тоа не треба да се користи за заобиколување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во Законодавниот дом“,

рекоа од Делегацијата на ЕУ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Денеска ќе бидат погребани петмина од убиените кај Младеновац

Следно

Ердоган: „Со турската економија управуваа функционери на ММФ, а тоа го сменивме“

Latest from Blog

Омерагиќ на отворањето на регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори регионална канцеларија во Истанбул на пригодна свеченост на која присуствуваше и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ. Свеченоста беше одбележана со присуство на шефот

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на

Тренчевска до Дурмиши: Кој ќе одговара за доцнењето на платите и непочитувањето на законските обврски?

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на собраниската седница посветен на пратенички прашања упати прашање до министерот економија и труд Бесар Дурмиши, во врска со неисплатените плати на вработените министерство за

Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ
Go toTop