Прво крунисување во британската монархија по 70 години – ќе има 2 300 гости, Чарлс и Камила ќе се движат во поворка долга 1,6 километри

May 6, 2023
2 mins read

Денешната церемонија се очекува да ја нагласи различноста и инклузивноста, да има најмногу мултиверски елементи од кое било крунисување во историјата. Колоната во која кралот и кралицата ќе се вратат во Бакингемската плата по крунисувањето ќе биде долга 1,6 километри и во неа ќе има 4 000 војници и 19 воени бенда. Кога ќе пристигнат, останува неизвесно кој ќе излезе со Чарлс и Камила на традиционалниот поздрав од балконот

На церемонијата ќе присуствува и принцот Хари што ќе биде прво појавување во јавноста заедно со неговиот брат Вилијам, по објавувањето на неговите мемоари. Тој може да остане во Лондон само неколку часа по церемонијата и да се врати во САД кај сопругата Меган Маркл за да го прослават роденденот на синот Арчи

Photo: EPA-EFE/NEIL HALL

Историски ден за британската монархија. Кралот Чарс Трети и неговата сопруга, кралицата Камила, денеска се подготвуваат за нивото историско возење со кралската кочија до Вестминстерската Опатија. На церемонија која ја очекува целиот свет, Чарлс Трети денеска ќе биде крунисан за британски крал, што ќе биде прво по 70 години.

Илјадници воени лица се во Лондон за да учествуваат на церемонија и безбедноста е подигната на највисоко ниво. Од прва рака, службата за крунисување ќе ја проследат околу 2 300 поканети гости. Околу 100 шефови на држави ќе бидат во Вестминстерската Опатија, а од земјава ќе присуствува и претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

На листата гости се наоѓа и принцот Хари, војводата од Сасекс, кој во петокот пристигна во Обединетото Кралство од САД. Тоа ќе биде првпат по објавувањето на контроверзните мемоари, принцот Хари да биде виден во јавност со неговиот брат, принцот Вилијам.

Се очекува дека Хари може да го напушти Лондон само неколку часа по церемонијата и да се врати во САД за да ѝ се придружи на неговата сопруга Меган Маркл на прославата на роденденот на нивниот син Арчи.

Неговиот татко Чарлс, стана крал на Обединетото Кралство во септември кога кралицата Елизабета почина по 70 години поминати на тронот. Денеска, како што пренесуваат британските медиуми, главна порака на церемонијата на крунисување од кралот Чарлс во неговата прва молитва ќе гласи: „Не дојдов да ми служат, туку да служам“.

Најважен момент на церемонијата ќе биде ставањето на круната од Стеви Едвард на главата на кралот Чарс Трети што ќе биде одбележано со ѕвонење на ѕвоната од опатијата и поздравно пукање со пиштол. И неговата сопруга Камила ќе биде крунисана, по што официјално, по долга и често контроверзна врска со престолонаследникот, официјално ќе стане кралица.

Денешната церемонија се очекува да ја нагласи различноста и инклузивноста, да има најмногу мултиверски елементи од кое било крунисување во историјата.

Поворката во која ќе се движат кралот и кралицата при враќањето во Бакингемската плата по крунисувањето се најавува дека ќе биде спектакуларна, долга 1,6 километри и во неа ќе има 4 000 војници и 19 воени бенда. Кога ќе пристигнат, останува неизвесно кој ќе излезе со Чарлс и Камила на традиционалниот поздрав од балконот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Реал Мадрид посакува уште еден фудбалер од Бундеслигата

Следно

Денеска ќе бидат погребани петмина од убиените кај Младеновац

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Кумата на хаосот на јавниот превоз Арсовска, го доведе Скопје на раб на колапс, ние сме подготвени за реформи доколку има отчетност и план

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. „Неспособната Арсовска кој ае и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост

Академик Попов: Само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ може да дојдеме до разумни и прифатливи решенија

Во обраќањето по повод Денот на МАНУ, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на пречките на земјава на патот на зачленување во Европската Унија.  Како што рече, пријателството, спремноста за

Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид. По настанот одговарајќи на новинарско

Мицкоски за уставните измени: Нашите црвени линии ги дефиниравме, од тоа не се поместуваме ниту милиметар

Ние нашите црвени линии ги дефиниравме. И од тоа ниту ние, ниту кој било ќе се помести, ниту милиметар. Не затоа што имаме какви било причини за да правиме напред или назад,

Европскиот парламент ја одобри новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен

ЖЕНЕВА (АА) – Европскиот парламент денес го одобри новиот состав на Европската комисија под водство на Урсула фон дер Лајен, која има втор мандат на чело на главниот извршен орган на Европската
Go toTop