Објавени детали за ранетите во двете масовни пукања во Србија

May 5, 2023
2 mins read

Министерката рече дека во еден момент изминативе денови кога Србија се соочува со две масовни убиства, работеле шест операциони сали и оти здравствените работници биле на ниво на задачата. Дел од пациентите сè уште се во критична состојба, а на некои им бил отстранет по еден бубрег

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ попладнево на прес-конференција ја соопшти состојбата на повредените ученици во пукањето пред два дена во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, како и во селото Дубона кај Младеновац. Неколку пациенти, според нејзината изјава се критични.

Од ранетите шест деца и наставничката од масакрот во училиштето двајца се критични.

Двете момчиња кои се лекуваа во детската клиника денеска се пуштени дома, но девојчето со повреди на главата сè уште е критично. Три деца и наставничката, пак, сè уште се во Ургентниот центар – момче и девојче, како и наставничката се добро, додека другото момче е многу сериозно и има тешки оштетувања на ’рбетниот мозок.

Кога станува збор за ранетите во пукањето во Младеновац, министерката посочи дека 13-те ранети се хоспитализирани.

Како што рече Грујичиќ, дека еден од пациентите (1976) има површна рана на градниот кош и коски и на стомачната марамица.

„Девојчето Н.Н.(2006) има прострелна рана во главата и мочниот меур, оперирано е, изваден е хематом од десната страна на челото, а пред операцијата не можела да гледа во левото око каде се забил куршум и ја чека уште една интервенција. М.А. (2005) е најтешко повредена, има две прострелни рани, извадени се бубрегот, дуоденумот и дел од дебелото црево, повредите на екстремитетите се третирани површно, а доколку се стабилизира, следува ортопедска интервенција“,

соопшти министерката.

Пациент на околу 20-годишна возраст, пак, има повреда на ногата, на операција е и во состојба на хеморагичен шок, Анестезиолозите ја надоместиле изгубената крв, решена е фрактура на десната бутна коска, подлактница и натколеница и му се вршат ортопедски интервенции.

Понатаму, министерката соопшти:

„Кај В.Н.(2003) десната горна нога и препоните се без оштетување на крвните садови, по стабилизирање на состојбата ја чекаат дополнителни ортопедски интервенции. С.Ј.(1972) има повреда на градниот кош, извршена е операција, стабилна е, има фрактура на прв лумбален пршлен и засега нема знаци на поместување на нозете, може да биде минливо. Острелна рана на долниот дел на карлицата кај М.П.(1969) е оперирана и тој е на интензивна нега. Оперирана е и П.М. со повреда на глутеалната регија“,

рече Грујичиќ.

Во болницата „Драгиша Мишовиќ“, пак, наведе дека има двајца пациенти – М.П. (1997) со отстранет бубрег, има повреди на крвните садови, а операцијата е завршена и И.М. (2003) со деструкција на коската на десната бутина, без знаци на оштетување на нервите и крвните садови и се наоѓа во стабилна состојба.

Во болницата во Смедерево, пак, имало тројца пациенти, од кои еден (Р.Ј., роден 2002 година) поради компликации на повреди на градниот кош бил префрлен во Ургентниот центар и е пренесен во стабилна состојба.

На новинарите таа им рече дека во еден момент изминативе денови работеле шест операциони сали и оти здравствените работници биле на ниво на задачата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лавров: Русија ќе одговори со конкретни дејствија на нападот врз Кремљ

Следно

Викендов авионско прскање против комарци

Latest from Blog

Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател

Иницијативниот одбор за промени во Македонската кошаркарска федерација за денес закажа Вонредно собрание на кое треба да се случат промени во раководството на организацијата. Според најавите, најпрво треба да се изгласа недоверба

Бројот на убиени Палестинци во Газа достигна 52.400, израелските напади продолжуваат со несмалено темпо

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 35 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Газа во последните 24 часа, со што билансот од геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година досега

Се огласи првата антикорупционерка Димитровска: Разговарав со семеен пријател кој подоцна стана обвинет во „Адитив“

Татјана Димитровска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, е обвинета дека откривала службени тајни во обвинет во „Адитив“, се огласи на јавноста. Таа кажа дека со обвинетиот имала само пријателска
Go toTop