ВМРО-ДПМНЕ: Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДС намерно го пушти да избега?

January 15, 2023
1 min read

Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДС намерно го пушти да избега? Прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Осудениот убиец кој избега, и притоа рани полицајци очигледно добил помош за тоа од власта. Командирот кој бил на смена е човек на СДС, тој на неговиот фејсбук профил не ја крие поддршката за оваа партија. Според информациите кои произлегоа од медиумите и обвинителството станува јасно дека сега избеганиот добил поддршка од чуварите за тоа. Симптоматично е што првиот одговорен, командирот на смена, е човек кој е поврзан со СДС. Истиот тој командир, како полициски службеник на дело е фатен како прима поткуп, за потоа да наместо никогаш да не биде вработен во служба каде се применува правото, тој е поставен за командир на смена во Идризово. Истиот можел, но не побарал асистенција од полицијата, иако се транспортирал осуденик за убиство. Одговорноста не смее да запре со постапка против командирот и полициските службеници, мора да има одговорност и за надредените во службата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали осудениот убиец намерно е пуштен да избега, и со каква цел. Спасовски е неспособен да го пронајде сега побегнатиот осуденик за убиство. Оставка од Спасовски и избори час поскоро. Со СДС државата само тоне, додаваат од опозициската партија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се урна авион со 72 патици (ВИДЕО)

Следно

Фото: Скопјани оваа година дишат многу поопасен воздух во однос на истиот период лани

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop