Клоп: Чиста мрежа за Ливерпул е реткост оваа сезона

May 4, 2023
1 min read

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде свое видување за победата над Фулам со 1:0  синоќа во натпревар од 28. коло во Премиер лигата.

-Јас сум многу среќен. Ова е исклучително силен противник. Имам најголема почит за работата на Марко Силва. Нашиот голман Алисон за малку ќе се расплачеше поради „чистата“ мрежа.  Ова е прилично ретко за нас оваа сезона! Многу е убаво, особено за него“, изјави менаџерот на Ливерпул, рече Клоп.

-Ја контролиравме играта во значителен дел од првото полувреме, но по паузата играта се отвори. Фулам е многу добар тим, беше тешко до крај. Имаме пет победи во низа. Го сакам тоа. Фулам имаше одлична шанса, можеше да постигне гол. Ние имавме добри моменти во првото полувреме. Видов голема борба, видов став, видов момци кои смело влетаа во борбата. Секако, во такви моменти можевме подобро да ја контролираме ситуацијата, но можеме да се подобриме. Порано игравме многу полошо, додаде германскиот тренер.

Ливерпул е петти на табелата во Премиер лигата со 59 бодови од 34 натпревари.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директорот на Клиничкиот центар на Србија: Двајца ученици и наставничката се стабилни, третиот ученик е подобар, но сепак критичен

Следно

САЕМOT НА КНИГА ПОЧНУВА ДЕНЕС И ЌЕ ТРАЕ ДО 10 МАЈ, ЈСП УШТЕ НЕ ОДГОВОРИЛО ДАЛИ ЌЕ ПУШТИ ЛИНИЈА ДО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Latest from Blog

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи
Go toTop