Зеленски негира дека Украина го нападнала Кремљ

May 4, 2023
1 min read

Кабинетот на рускиот претседател претходно соопшти дека одбраната на Русија соборила две беспилотни летала кои го нападнале Кремљ во текот на ноќта и ја обвини Украина дека се обидела да го убие Владимир Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски негираше дека неговата земја извршила наводен напад со беспилотно летало врз Кремљ, за кој Русија вели дека бил обид за атентат врз претседателот Владимир Путин.

„Ние не го напаѓаме Путин или Москва. Ние се бориме на наша територија – ги браниме нашите села и градови“,

рече Зеленски, говорејќи за време на посетата на Финска.

Советникот на Зеленски, Михаило Подољак, претходно изјави дека Киев нема никаква врска со нападите со беспилотни летала врз Кремљ и предупреди дека Русија ќе го искористи наводниот напад за да ги оправда масовните напади врз украинските градови и цивилното население во деновите што следат.

Кабинетот на рускиот претседател претходно соопшти дека одбраната на Русија соборила две беспилотни летала кои го нападнале Кремљ во текот на ноќта и ја обвини Украина дека се обидела да го убие Владимир Путин.

Руските власти соопштија дека Путин не бил во Кремљ во моментот на нападот, но го нарекоа „планиран терористички чин и обид за атентат“, и се заканија дека ќе возвратат кога ќе сметаат дека тоа е неопходно.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека не може да ја потврди вистинитоста на руските наводи дека Украина се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин во напад со дронови, но додаде дека нема доверба во информации што доаѓаат од Кремљ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ерлинг Халанд испиша историја во Премиер лигата

Следно

Баерн Минхен продава две фудбалски ѕвезди

Latest from Blog

Објавено видео од бегството на осомничениот за убиството во Кирк, во тек е масовна потрага

Министерството за јавна безбедност во американската држава Јута објави видео од осомничениот за убиството на најпознатиот американски десничарски активист, Чарли Кирк. Снимката покажува човек како трча преку покривот на училишната зграда, а

Дневен хороскоп за петок, 12. септември 2025

Овен Работа: Ќе имате можност да покажете иницијатива преку дополнителни задачи што бараат брзи одлуки. Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас ќе се очекува да донесете решенија за целиот
Go toTop