Портрет на Ацо Шопов во списанието „ Ел Нуево Хералд“ во Мајами

April 30, 2023
1 min read

По повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, дневниот весник „Ел Нуево Хералд“ од Мајами, САД, еден од најчитаните американски весници на шпански јазик, во денешниот број објави опширен напис посветен на нашиот поет.

Во објавата за Шопов се вели дека нему „македонскиот јазик практично му го должи својот влез во светот на литературата“. 

Како што потенцира француско-кубанскиот писател Вилијам Наварет, станува збор „за исклучителен пример на јазик кој се афирмира преку литературата, a особено преку поезијата, жанр што Шопов го негувал сиот свој живот“.

„Нудејќи една сеопфатна слика за македонскиот поет, од родниот дом во Штип до неговиот виртуелен „Лирски дом“ преку неговото партизанување, неговата дејност како издавач и неговата дипломатска мисија во Сенегал, статијата им посветува посебно внимание на двете збирки на Шопов објавени на шпански јазик: Lector de cenizas (Гледач во пепелта), објавена во Мексико, во 1987 год., во препев на Аурора Марија Сааведра, и Sol negro (Црно сонце), објавена во Буенос Аирес, во 2011 год., во препев на Луиса Футорански. Но текстот се осврнува и на збирки објавени на македонски, како  „Стихови за маката и радоста“, „Слеј се со тишината“ и „Небиднина“, информира Министерството за култура.  

„Под плаштот на едноставноста“, пишува Наварет, „неговите зборови клокотат, проречуваат, ечат, интригираат. Љубов, гнев, вчудовиденост пред мистеријата на животот, болка, болештија? Поетот никогаш до крај не го трга мистериозниот превез над неговите најинтимни мисли, а неговата филозофска перцепција за смртта и за животот, односно за сè она необјасниво но и бестелесно што нè надминува нас како луѓе,  ја пушта само по суптилни врвици да излезе на виделина.“ За песната „Небиднина“, Наварет смета дека таа го „сумира вознемирувачкиот и понекогаш непробоен поетски универзум на Шопов“.

Статијата на Вилијам Наварет се осврнува и на чествувањето на Ацо Шопов во УНЕСКО, на 21 март годинава, што се одржа во рамки на „Годината во чест на Ацо Шопов“, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, во соработка со Министерството за култура.

Весникот најавува и некои од следните моменти на „Годината во чест на Ацо Шопов“, како фестивалот на анимиран филм Флипбук во Скопје и Струшките вечери на поезијата. Објавена е во печатената како и на интернетската страница на Ел Нуево Хералд , во која статијата може да с слушне и во аудио верзија, наведува Министерството за култура. 

Основан како додаток на „Мајами Хералд“ во 1977 година, а независен од 1998 година, „Ел Нуево Хералд“ е еден од двата највисоко тиражни весника на шпански јазик во САД и покрива вести од цела Латинска Америка.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Едно лице тешко повредено во тешка сообраќајка кај Ржаничино

Следно

Чавушоглу: Туркије помогна во спречувањето на светската криза за храна

Latest from Blog

Меџити го најави почетокот на големата трансформација на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го презентираше еден од најголемите инфраструктурни проекти во општината – целосна реконструкција и трансформација на улицата „Ферид Мурат“. Проектот, кој опфаќа делница долга

Овие 10 професии се најстресни: Ако сте во една од нив, можно е да има последици и по вашето здравје!

Пандемијата и појавата на работа од далечина и флексибилни работни места – проследено со „враќањето во канцеларија“ – исто така го променија начинот на кој го доживуваме стресот на работа и во

Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата

Одлуката на словенечката Влада подразбира забрана за влез на претседателот на Република Српска во земјата, објави Н1 Љубљана.  Материјалот за оваа одлука го подготви Министерството за надворешни работи на Словенија. Извор: vecer.mk

Фатих Терим ќе биде селектор на Чешка

Искусниот турски стратег, Фатих Терим е најсериозниот кандидат да ја води репрезентацијата на Чешка. Некогашниот селектор на Турција, и легенда на фудбалот во оваа земј,а последно беше на кормилото на тимот на

Кои два хороскопски знаци се „најинтелигентни“?

Астролозите забележуваат дека, и покрај бројните фактори што влијаат на интелигенцијата, два хороскопски знака редовно ги издвојуваат најпаметните умови. Девица и Водолија гордо ја носат титулата оние чии претставници често освојуваат научни,
Go toTop