Ердоган ги објави имињата на астронаутите избрани за првата турска вселенска мисија со екипаж

April 29, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека земјата избрала астронаути за првата вселенска мисија, која е планирана за крајот на оваа година, јавува Анадолу.

Ердоган го посети големиот турски саем за технологија и воздухопловство ТЕХНОФЕСТ, кој се одржува на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, и во таа пригода соопшти дека Алпер Гезеравџи и Тува Џихангир Атасевер се избрани за први турски астронаути што ќе патуваат во вселената.

„Алпер Гезеравџи, кој ќе оди на Меѓународната вселенска станица, е херојски турски пилот што веќе има постигнато важни успеси во Воздухопловните сили на нашата земја, а Тува Џихангир Атасевер е системски инженер што работи во Рокетсан“, рече Ердоган.

Тој појасни дека Алпер Гезеравџи е првиот астронаут, а Тува Џихангир Атасевер е резервен астронаут.

„Нашиот пријател, кој ќе замине во првата турска вселенска мисија со човечки екипаж, ќе остане на Меѓународната вселенска станица 14 дена. Во оваа мисија ќе изведе 13 различни експерименти подготвени од универзитетите и истражувачките институции на нашата земја. Времето на испраќање на нашиот патник во вселената е планирано за последниот квартал од 2023 година“, рече Ердоган.

Туркије во 2018 година ја основа Турската вселенска агенција, а една година подоцна ја најави вселенската програма на земјата, како и вселенската мисија со екипаж.

„Младите ќе ја одведат Туркије во највисоката лига и ќе го остварат сонот на земјата за целосна независност. Многу се боревме да воспоставиме клима во нашата земја во која нашите млади ќе можат без страв да ги следат своите соништа. Ги скршивме оковите на заостанатоста на Туркије, изградивме инфраструктура на голема и моќна Туркије“, истакна Ердоган.

За ТЕХНОФЕСТ, петдневниот настан што започна во четвртокот, Ердоган рече дека тоа е светски воздухопловен настан број еден и дека стана бренд во својата област.

Нагласи дека бројот на учесници на манифестацијата од 2018 година секоја година се зголемува.

Првото издание на ТЕХНОФЕСТ прими 4.233 апликации од натпреварувачи во 2018 година, а оваа година таа бројка достигна 333 тима и милион луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје отворено Балканското првенство во кендо – древна јапонска боречка вештина

Следно

ЈПДП преку соопштение информира за првата трансакција наменета за коридорите 8 и 10-д: Префрлени ни се 117 милиони евра  

Latest from Blog

Французите го кренаа гласот поради судиите, Дешамп порача: Тие не се нашиот противник

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека нема проблем со одлуката на ФИФА натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко да го суди аргентински судиски тим. Одлуката предизвика бројни

Русија го забрани извозот на дизел

Одлуката би можела дополнително да го зголеми притисокот врз глобалниот пазар на гориво, кој веќе е погоден од прекините во снабдувањето предизвикани од војната со Иран. Според податоците собрани од Блумберг врз

Кредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада во ЕУ, предлага Шекеринска

Кредибилитетот што Северна Македонија го изградила како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција,

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за
Go toTop