Алиев на ТЕХНОФЕСТ: „Туркије е гарант на мирот, стабилноста и безбедноста во нашиот регион“

April 29, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије е гарант на мирот, стабилноста и безбедноста во нашиот регион, изјави денес азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, јавува Анадолу.

Говорејќи на големиот технолошки настан во Туркије, ТЕХНОФЕСТ, Алиев истакна дека Туркије стана земја на која ѝ се слуша зборот во светот во последните 20 години.

Тој истакна дека Туркије и Азербејџан се секогаш заедно и се пријатели.

Споменувајќи ја борбата на Азербејџан со Ерменија во регионот Карабах минатата година, тој рече дека Туркије го поддржува Азербејџан од почетокот до крајот на војната.

Честитајќи му на Селчук Бајрактар, челник на Фондацијата Т3, организатор на ТЕХНОФЕСТ и главен директор за технологија во турската компанија „Бајкар“, Алиев рече дека компанијата наскоро ќе отвори центар во Азербејџан за производство на авиони.

Азербејџанскиот претседател на ТЕХНОФЕСТ го возеше и автохтониот турски електричен автомобил ТОГГ, моделот T10X.

– Либија и Туркије имаат „вкоренета соработка“ –

Абдул Хамид Дбеибе, премиер на Владата на Либија со седиште во Триполи, рече дека неговата посета на ТЕХНОФЕСТ е резултат на вкоренетата соработка меѓу Туркије и Либија.

Споменувајќи ја новоотворената турска нуклеарна централа „Акују“, тој ѝ честита на Туркије што стана една од земјите со нуклеарни централи.

Дбеибе, исто така, рече дека Туркије зазема цврст став против сите предизвици.

Тој изрази благодарност до Туркије и турската компанија „Бајкар“ за подобрувањето на воздушните одбранбени системи на Либија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гарначо доби нов договор од Манчестер Јунајтед

Следно

Во Скопје отворено Балканското првенство во кендо – древна јапонска боречка вештина

Latest from Blog

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина

Британија сака да го санкционира Израел, од таму одговорија: Ќе ги признаеле Фокландските острови за аргентински

Реакцијата следеше по медиумските извештаи дека Лондон се подготвува да воведе нов пакет санкции против Израел. Остри одговори од израелските министри Министерот за финансии Безалел Смотрих побара итно протерување на британскиот амбасадор.

Проданоски: Со дела, а не само со зборови, ја градиме Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од историската одлука на граѓаните за независна, суверена и слободна држава.

Нов проблем за Интер и Милан!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Проектот за нов заеднички стадион помеѓу Милан и Интер Милан наиде на уште еден проблем. Општина Милано се соочува со судска постапка поради продажбата на земјиштето околу иконскиот стадион “Сан Сиро“
Go toTop