Вечерва во 360°: Судска наредба за прислушување – затворените плика одат во историја, ги заменува дигитален систем

April 28, 2023
1 min read

Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува директорот на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, се емитува вечерва (28 април 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат

Во ова издание имаме ретка можност да разговараме со директорот на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски. Тоа е институцијата во која, по распуштањето на УБК, се пресели опремата за следење на комуникациите. Поводот за гостувањето на директорот Ангеловски е воспоставувањето дигитален систем за создавање, чување, обработка и пренос на класифицирани документи поврзани со иницирање и издавање наредби за прислушување – легално, се разбира. Тој систем, креиран на иницијатива на ОТА, ја заменува актуелната размена на документи во хартиена форма, со затворени плика и курири. Ангеловски го прашуваме дали, сепак, може да постои прислушување без судска наредба, дали може да функционира парасистем од, на пример, стан во Скопје и дали има жолто комбе во земјава.

Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ Алсат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заев: Регионот ќе биде енергетски многу постабилен ако делуваме заедно

Следно

Путин со декрет легализираше депортација на жителите на анектираните територии кои одбиваат да земат руско државјанство

Latest from Blog

НОВИ УСЛОВИ ЗА СТРАЦИТЕ ДА РАБОТАТ ВО ХРВАТСКА, еве колку дозволи има за Македонците

Хрватска воведува значајни промени во системот за вработување на странски работници со цел воспоставување подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и сузбивање на нелегалните практики, објави ХРТ. Измените на Законот за странци

Брачен пар загина во Токио откако остана заробен во сауна зафатена од пожар

Брачен пар почина во Токио откако пред три дена останаа заробени во приватна сауна зафатена од пожар. Трагедијата се случила во градската област Акасака, а полицијата истражува низа сомнителни околности, пишува BBC.

Тошковски за „Сејф сити“: Веќе сега на Клиниката за трауматологија има 20 отсто помалку пациенти со тешки телесни повреди

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за официјалната примена на системот
Go toTop